Од Супермен до ѕвездата на Еуфорија: Почнаа аудициите за новиот Џејмс Бонд

Прочуената британска кастинг директорка Нина Голд (Nina Gold) официјално ги почна разговорите со младите актери за една од најпосакуваните улоги на светот – новиот Џејмс Бонд.

james-5727-fi

Извор: Magnific

На речиси секое културно биро во британските редакции, нагадувањата за тоа кој ќе го игра новиот Бонд веќе со години предизвикуваат главоболки. Уште откако Даниел Крег (Daniel Craig) во 2015 година навести дека се ближи крајот на неговата ера, секој месец се појавува ново име како потенцијален наследник. Секако, некои гласини имаат поголема тежина од другите, но делува како речиси секој кој има IMDb страница барем еднаш бил прогласен за фаворит.

Последните години шпекулациите целосно излегоа од контрола, особено затоа што Крег го одложи пиштолот уште пред пет години. Многумина очекуваа дека новиот 007 досега веќе ќе биде познат. Затоа за фановите беше малку разочарувачки што најновата голема објава за Бонд не е името на актерот, туку името на личноста која дури сега ќе ја започне потрагата по него.

И да потрагата дури сега започнува.

Во текот на наредните месеци, Нина Голд, една од најценетите кастинг директорки во Британија, ќе соработува со продуцентите и со режисерот Дени Вилнев (Denis Villeneuve) на пронаоѓањето на новиот Бонд. Голд е позната по својата работа на проекти како што се Game of Thrones, The Crown, Slow Horses, Baby Reindeer и најновата трилогија на Star Wars.

А еве кој моментално најчесто се споменува како кандидат за новиот агент 007:

Калум Тарнер (Callum Turner)

Уште пред неколку месеци делуваше дека британскиот актер е речиси сигурен избор. Се појавија приказни дека низ Лондон веќе зборувал како токму тој ќе го облече прочуениот смокинг. Дополнителен ветер во грбот на гласините даде информацијата дека неговата партнерка, поп-ѕвездата Дуа Липа (Dua Lipa), би можела да ја сними новата Бонд тема. Тарнер има 35 години, доволно е познат благодарение на проектите како The Capture и Emma, но не е толку голема ѕвезда за повеќегодишната франшиза да му претставува проблем.

Џејкоб Елорди (Jacob Elordi)

Набрзо по приказните за Тарнер, се појавија информации дека австралискиот актер всушност е фаворит на студиото. Ѕвездата на серијата Euphoria и на филмот Wuthering Heights наводно веќе се сретнал со Вилнев и со луѓето од Amazon кои сега ја водат Бонд франшизата. Елорди има сè што е потребно за 007 харизма, висина, изглед и популарност. Сепак, многумина се сомневаат дека актер од неговиот калибар би сакал наредните десет години да ги посвети само на еден лик. Тука е и прашањето за акцентот, иако фановите брзо потсетија дека и Џорџ Лејзенби (George Lazenby), исто така Австралиец, веќе го играше Бонд во филмот On Her Majesty’s Secret Service.

Харис Дикинсон (Harris Dickinson)

Името на британскиот актер се појави со брзина на молња по успехот на филмовите Triangle of Sadness и Babygirl. Дикинсон има 29 години и репутација на сериозен актер, а наскоро ќе го игра и Џон Ленон (John Lennon) во новите филмови за Битлси на режисерот Сем Мендес (Sam Mendes). Интересно е и тоа што е речиси целосно отсутен од социјалните мрежи, што го прави еден вид „празно платно“, идеално за трансформација во Бонд.

Џек Лауден (Jack Lowden)

Можеби ја нема моќта на големо холивудско име, но шкотскиот актер веќе со години ја гради својата репутација со одлични улоги. Публиката го знае од серијата War & Peace и од филмот Mary Queen of Scots, додека е особено фален за улогата на шпионот Ривер Картрајт (River Cartwright) во Slow Horses. Неговата сопруга, Сирша Ронан (Saoirse Ronan), веќе јавно кажа дека тој би бил совршен Бонд иако признава дека можеби не е целосно објективна.

Луис Партриџ (Louis Partridge)

Со само 23 години, Партриџ би бил најмладиот Бонд во историјата. Настрана од тоа, неговото име сè почесто кружи поради врската со сценаристот Стивен Најт (Steven Knight), авторот на новата приказна за Бонд. Партриџ игра во неговата серија на Netflix, House of Guinness, а Најт е познат по тоа што често соработува со исти актери. Продуцентите наводно размислуваат долгорочно доколку Партриџ сними шест филмови во наредните петнаесеттина години, сè уште би имал помалку од 40 години кога би ја напуштил франшизата.

Хенри Кавил (Henry Cavill)

Ѕвездата на франшизата Superman, серијата The Witcher и филмот Mission: Impossible – Fallout со години е фаворит на публиката за улогата на Бонд. Многумина веруваат дека токму тој бил „вториот избор“ кога Даниел Крег ја доби улогата во 2005 година. Кавил денес има 43 години, па се поставува прашањето дали е можеби предоцна за повеќегодишна Бонд ера, но неговата популарност и понатаму го држи меѓу сериозните кандидати.

Арон Тејлор-Џонсон (Aaron Taylor-Johnson)

Еден од вечните фаворити на обложувалниците. Британскиот актер, познат по филмовите Kick-Ass, Kraven the Hunter и 28 Years Later, веќе долго време се поврзува со улогата на агентот 007. Има 35 години, доволно акциона харизма и искуство, а многу mина сметаат дека совршено одговара на помодерна верзија на Бонд.

Тео Џејмс (Theo James)

Елегантниот британски актер се прослави во франшизата Divergent, а последните години дополнително го зацврсти својот статус благодарение на сериите The White Lotus, The Time Traveler’s Wife i The Gentlemen. Со своите 41 година делува како класичен избор за Бонд – софистициран, ладнокрвен и доволно уверлив за шпионскиот свет.

Меѓу имињата кои спорадично се појавуваат се наоѓаат и Том Холанд (Tom Holland), Ричард Маден (Richard Madden), Дамсон Идрис (Damson Idris) и Пол Мескал (Paul Mescal), иако засега нема потврди дека навистина се во потесниот избор.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.