Тоа љубов на прв поглед. Беше љубопитност. Она чувство кога гледаш нешто ново, поинакво и не можеш да престанеш да го вртиш во раце. Како книгата што ја читаш во еден здив и уште пред да ја завршиш, знаеш дека ќе ја прочиташ пак.
И еве ме, една година подоцна, уште се фаќам себеси како го преклопувам со мала насмевка, како да затворам таен дневник. Ај што изгледа убаво, ама како работи е тоа е друг левел.
Камерата е мојата мала AI магија
AI ми го научи лицето. Знае од која страна светлината ме сака. Го фаќа моментот кога сонцето ми паѓа на образ, кога кафето ми се пени правилно, кога детето ми се смее со уста полна јаготки.
Фотографиите изгледаат како кадри од филм што никогаш не сум го снимала, ама отсекогаш сум го живеела. А она најмагичното? Не мора никој да ме слика. Flex Mode + tripod feel = независност на друго ниво.
Извор: приватна архива
Персонализација која зборува “јас сум”
Flip 6 не е телефон што го користиш. Тој ти станува гест, движење, ритуал. Го преклопувам кога завршувам повик, и се чувствувам како модерна Вероника Лејк. Го отворам со едно „клак!“ и имам чувство како да отворам нов свет .
Батерија која нема да те изневери баш тогаш кога најмногу ти треба
Чисто информативно – да, држи цел ден. И ако сум на кафе, на работа, или правам илјадници слики од малиот бандит на плажа – нема потреба да носам powerbank. А кога ќе го ставам на Fast Wireless Charging, се полни побрзо од моето трпение на Zoom состаноци.
Перформансите? Совршени. Софтверот? Како соулмejт кој секогаш знае што ти треба пред ти да сфатиш. А дизајнот? Стилски shout-out до сите што мислат дека технологијата не може да биде мода. Е па – може. И тоа со став.
Извор: приватна архива
Заклучок по една година? Не го менувам. Го препорачувам.
И знаеш што е најубавото? По една година – не ме умори. Напротив. Само ми покажа колку сè уште има што да откриеме заедно. Баш како вистинска љубов: се преклопуваш, се отвораш, се обновуваш… и никогаш не си ист, ама секогаш си цел.
Напишано во notes, на клупа во парк, со сонце во косата, кафе во раката и светот во 6.7 инчи.
Автор: Т.К