Во Јапонија, пиењето пијалак со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон компанијата и се гледа како „дел од работата“. Одбивањето пијалак од шефот се смета за навреда и може да „оштети“ нечива кариера.
Оваа практика, позната како „номикаи“ (飲み会), обично се одржува по работа и се смета за клучна за градење односи и зајакнување на тимскиот дух. Номикаи се доживува како начин да се разбијат хиерархиските бариери и да се олесни отворената комуникација надвор од формалното работно опкружување; изразот „номјукејшн“ се однесува на запознавање со колегите преку пијалак, пренесува Рудолф Дету.
Важен аспект на номикаи е обичајот да се сипува пијалок на другите наместо на себе, што симболизира почит и другарство. Оваа практика ги зацврстува социјалните врски и обезбедува сите да се чувствуваат вклучени. Постарите членови на тимот често ја преземаат иницијативата во здравиците и водењето разговори, додека од помладите се очекува да бидат внимателни и полни со почит.
И покрај позитивните страни, културата на номикаи понекогаш може да доведе до претерување со алкохол и притисок да се учествува, дури и за оние што тоа не го сакаат; во комбинација со напорните работни денови од 13 часа, номикаи придонесе за феноменот на пијани „салари-мени“ (salarymen).
Извор: bizlife.rs