Рекламата со симпатично име „Boy Toy“ во 1999 година не беше обична реклама за автомобил за неговата „практичност“, туку беше игра со познатата фраза „сексот продава“.
Рекламата за Hyundai автомобил тогаш масовно се „шеруваше“ преку и-мејл, а „gay twist-от“ што компанијата го додаде во видеото објавено во Европа ги надмина границите на емитување.
Овој бисер на адвертајзингот за Hyundai го направи рекламната агенција „Leo Burnett“ од Шведска.
Спотот, наречен „Boy Toy“, оди вака: Жена на средни години се вози заедно со многу помлад машки сопатник на совозачкото седиште. Откако го забележува својот маж како застанува на раскрсницата пред неа, брзо го притиска копчето за наслонот на седиштето на нејзиниот пријател за да го сокрие. Клучната сцена доаѓа кога нејзиниот маж заминува, а на совозачкото седиште до него се појавува неговиот „Boy Toy“: згоден младич во тесна маица.
Рекламата во тие години беше силен чекор напред во огласувањето со ЛГБТ+ тематика.
„Рекламите ја таргетираат ЛГБТ+ заедницатата која во просек има поголем расположлив приход во однос на хетеросексуалната и мејнстрим публиката“, рекоа тогаш претставниците на агенцијата „Leo Burnett“.