Брендот за лична нега Frida лансираше онлајн платформа само за возрасни со видеа за да им покаже на клиентите како да ги користат нивните производи за плодност и оние кои се користат во текот на бременоста и по неа. Таквата пракса ја отфрлија одредени гиганти како Amazon и Meta, а тоа има лоши ефекти врз здравјето на жените.
„Платформата, развиена заедно со здравствени работници, во голем дел е одговор на многу маркетиншки платформи и сајтови на социјални медиуми кои ги отстрануваат или отфрлаат рекламите за репродуктивното здравје и здравјето на жените кои поавтентично ги прикажуваат женските тела,“ рече основачот и извршен директор на Frida, Челзи Хиршхорн.
„Можете да отидете на Инстаграм и да научите рутина за убавина во 10 чекори, но нема можност за брендови како нашиот кои произведуваат производи кои им помагаат на жените во овие времиња. На жените им покажуваме како да ги натопуваат брадавиците со физиолошки раствор или како да им биде перинеумот еластичен пред да се породат за да го намалат ризикот од кинење. Им покажуваме како правилно да ја исчистат вагината по вагинално породување“, изјави таа за CNN.
Хиршхорн рече дека не очекува оваа експлицитна содржина да биде прикажана на социјалните медиуми или телевизиските канали со оглед на нивните упатства за содржината, но бидејќи некои платформи дозволуваат таков материјал, „мора да се дозволи прикажување на женски тела во несексуални околности“.
Ограничен простор за експлицитна содржина
Кога станува збор за поексплицитна содржина и голотија, таа тврди дека треба да има безбеден простор, ограничен според возраста за овие информации да се дистрибуираат до луѓето на кои им се потребни.
Откако производите на Frida се достапни уште од 2019 година во малопродажба, како во CVS, Target и Walmart, Хиршхорн опишува постојан напредок кога станува збор за битката за маркетиншки простор.
Во 2019 година, ABC одбиле да емитуваат реклама што компанијата ја испратила за време на церемонијата на доделување на Оскарите, во која се прикажува жена по породувањето како го користи тоалетот. Иако рекламата не содржи голотија, Хиршхорн откри дека ABC и кажале дека не дозволуваат содржина што содржи оружје, политика, сексуална голотија или производи за жени. Портпаролот на ABC тогаш рекол дека тие не сакаат да ги коментираат своите политики и упатства за рекламирање.
Извор: Freepik
Насоките на мрежата од 2023 година наведуваат дека „рекламирање на производи за интимна, лична нега, контрацепција и плодност е прифатливо од случај до случај. Таквото рекламирање треба да биде претставено на соодветен начин и ќе подлежи на ограничувања во распоредот“.
Здравјето на жените и случајот на Amazon
На Amazon, еден производ наменет за ублажување на болката во градите поради маститис, кој ги погодува жените кои дојат, бил означен како несоодветен бидејќи на пакувањето имало илустрација на дојка, тврди Хиршхорн.
„Во еден случај имавме слика од жена со едната нога во воздух која држи шприц за оплодување дома, веројатно наполнет со сперма. Така се користи производот. Ниту еден дел од нејзиното тело освен нозете и рацете не беше прикажан “, рече Хиршхорн.
Рекламата била отфрлена од систем за автоматска ревизија бидејќи бил вклучен зборот „плодност“, рече Фрида.
Amazon одбиле да коментираат. Матичната компанија на Инстаграм, Meta, не одговорила на барањето на CNN за коментар.
Политиката на Amazon вели дека „рекламите не смеат да прикажуваат целосно видливи интимни делови од телото: гениталии, женски гради и задник“, но прави исклучок за делумна голотија доколку е релевантна за одреден производ.
Упатствата за заедницата на Инстаграм кои ги регулираат рекламите што се дозволени наведуваат дека голотијата не е дозволена, но „дозволени се фотографии во контекст на доење, породување и моменти по породување, медицински ситуации (на пример, по мастектомија) или чин на протест.”
Meta
Мeta со години беше критикувана од експерти за женско здравје и застапници за ограничување на содржината поврзана со репродуктивното здравје на жените.
„Се чини дека алгоритмите како што се дизајнирани во моментов опфаќаат многу информации за здравјето на вагината и на градите и не го дозволуваат тоа. И не само алгоритмите, туку и многу од вистинските политики напишани од луѓето во овие компании продолжуваат да се менуваат“, изјави за CNN Џеки Ротман, извршен директор и основач на Центарот за правда на интимноста (CIJ).
Извор: Freepik / atlascompany
CIJ, кој соработува со Frida и го поддржува лансирањето на платформата Frida Uncensored, објави извештај во јануари 2022 година во кој ја обвинува Meta дека има пристрасни алгоритми, наведувајќи дека е утврдено дека се дозволени реклами за репродуктивното здравје на мажите.
По извештајот, Meta ја прилагоди својата политика за рекламирање на „производи или услуги за возрасни“ во октомври 2022 година за да вклучи појасни насоки за репродуктивното здравје, појаснувајќи дека дозволува промоција на „производи или услуги за репродуктивно здравје“ доколку содржината е насочена кон „луѓе на возраст од 18 години или постари“.
Во своите политики за производи и услуги за возрасни, Meta (FB) тврди дека темата е чувствителна, наведувајќи дека како глобална компанија треба да се земе предвид „широк опсег на луѓе од различни култури и земји за да се избегнат потенцијални негативни искуства“.
Но, од CIJ рекле дека „Meta продолжува да ги отфрла овие реклами во пракса“. CIJ поднел жалба до Федералната комисија за трговија барајќи да се усогласи со политиката за содржина на платформата и моментално работи на друг извештај кој ја истражува наводната дискриминаторска цензура на други медиумски платформи како што е Amazon.