Нови правила: Поправката на производи го продолжува гарантниот рок

eu-novi-pravila-popravka-na-proizvodi-1299-fi

Извор:

Европската унија официјално усвои нова директива и воведе нови правила за право на поправка на уреди што треба да ги поттикнат луѓето да ги поправаат купените производи наместо да ги заменат со нови. Едно од правилата го продолжува гарантниот рок на производот за една година доколку е поправен додека сè уште е под гаранција.

Како што стои на веб-страницата на Европскиот парламент (ЕП), за директивата за право на поправка на уредите гласале 584 пратеници, додека само тројца биле против, со 14 воздржани. Европската унија веќе бара од компаниите да нудат минимална двогодишна гаранција на производите, но новите правила одат чекор понатаму.

Нови правила на ЕУ

Според новите правила, компаниите по истекот на гаранцијата „сè уште се должни да ги поправаат стандардните производи за домаќинство“, вклучително и паметните телефони, телевизорите, машините за перење, правосмукалките и други уреди. Ако производот се расипе додека е под гаранција, потрошувачите можат да избираат помеѓу замена или поправка. Ако се одлучат за поправка, гаранцијата ќе биде продолжена за една година.

Правилата налагаат компаниите да нудат поправки по „разумна“ цена за да не ги „одвраќаат намерно“ купувачите од поправка на нивниот производ. ЕУ ќе бара од производителите да обезбедат резервни делови и алатки, а истовремено ќе им забрани да користат „договорни клаузули, хардверски измени или софтверски ажурирања кои ги попречуваат поправките“.

Во план и онлајн платформа

Покрај тоа, ЕУ планира да иницира онлајн платформа која би требало да им помогне на купувачите да најдат локални мајстори, продавачи на половни производи и луѓе кои купуваат неисправни предмети. Новите правила ќе стапат на сила кога ќе бидат одобрени од Советот и објавени во Службениот весник на ЕУ.

Членките на ЕУ ќе имаат две години да го усвојат како закон. Коалицијата Право на поправка на Европа ги поздрави новите правила, нарекувајќи ги „чекор во правилната насока“. Но, коалицијата исто така забележала ограничувања за правилата на ЕУ, бидејќи покриваат само потрошувачки производи, па не се одесуваат на она што го купуваат претпријатијата или индустријата.

Коалицијата исто така го критикувала и „тесниот опсег“ на правилата, тврдејќи дека тие нема да влијаат на повеќето нови производи што влегуваат на пазарот на ЕУ. Производите опфатени со новите правила очигледно се веќе опфатени со постоечкиот закон на ЕУ кој бара многу уреди и електроника да можат да се поправаат во период од 5 до 10 години по купувањето, вклучувајќи ги машините за перење, машините за сушење, машините за миење садови, фрижидерите, телевизорите, електрични тевелосипеди, скутерите, правосмукалките, телефоните, таблетите и многу други уреди

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.