Дамијано Давид е ѕвезда на новата рекламна кампања на познатиот италијански бренд Maserati, посветена на новата ера на брендот – лансирање на целосно електрични автомобили. Видеото е полно со софистицираност, елеганција, сила, а во исто време едноставност и леснотија.
Хипнотизирачки магнетизам
Во кампањата, Дамијано Давид вози Maserati GranTurismo Folgore, а неговиот магнетизам ја предизвикува околината и го привлекува вниманието на луѓето.
Во рекламата оди текст за привлечноста на Италијанците, а се однесува и на Дамијано и на Масерати.
„Се работи за енергијата што ја пренесуваме. Мислам на ова. Дали некогаш сте забележале кога влегувате некаде…како ве гледаат? Сите се заљубуваат во нас. Сите сакаат да бидат како нас. Можеби тоа е поради начинот на кој изгледаме. Начинот на кој се движиме… Или можеби е начинот на кој живееме… Носиме позитивна енергија“, вели Дамијано во кампањата.
Дамијано и Евровизија
Нашата публика го запозна Дамијано Давид на Евровизија во 2021 година, каде што настапи со својот бенд Måneskin и победи. Со песната „Zitti e buoni“, бендот ја освои Европа и собра армија фанови кои сè уште лудуваат по нив.