Се предвидува дека до крајот на 2024 година во светот ќе бидат потрошени вкупно 754,4 милијарди долари за огласување.
На 12-те најголеми пазари (САД, Кина, Јапонија, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Австралија, Бразил, Индија, Канада, Италија и Шпанија) се предвидува раст прилагоден на инфлацијата од 2,6% во 2024 година (во споредба со 5,2% по тековните цени), со оглед на тоа што инфлацијата кај медиумите покажува знаци на намалување, но останува висока, особено за ТВ и дигиталните видео формати.
„Годината започна со побрзо темпо од претходно очекуваното и очекуваме дека инвестициите за огласување ќе го задржат моментумот во втората половина од годината со големите спортски настани што привлекуваат глобално внимание. Само претседателските избори во САД во ноември се предвидува да сочинуваат околу една третина (11 милијарди долари) од зголемените инвестиции за реклами во 2024 година“ – посочува Вил Свејн, претседател за глобални медиумски практики во Dentsu.
Во извештајот на Dentsu се наведува дека дигиталниот канал ќе остане најбрзо растечки канал со 7,4%, и ќе достигне 449,3 милијарди долари, или дури 59,6% од глобалните инвестиции за огласување. Значителни зголемувања на инвестициите за огласување се предвидуваат и за социјални мрежи (+13,7% во однос на претходната година) и програматско огласување (+10,9% во однос на претходната година), процентите се нешто помали кај огласувањето на пребарувачи (+7,7% годишно) и онлајн видео (+6,7% годишно).
Иако се предвидува дека уделот на телевизијата во вкупните инвестиции за огласување благо ќе се намали на 22,5%, инвестициите сепак ќе пораснат за 2,6% за да достигнат 170 милијарди долари во 2024 година.
Инвестициите за огласување во печатените медиуми очекувано ќе продолжат да опаѓаат (-2,6% на годишно ниво). И за другите медиумски канали се очекува да пораснат во 2024 година, при што надворешното огласување ќе порасне за 4,2%, аудиото за 0,4% и киното за 4,8%.
Објавените прогнози на Dentsu во мај 2024 година се ревидирани во однос на претходниот извештај од декември 2023 година врз основа на подобрената ситуација на некои од најголемите пазари за огласување во светот: САД, Јапонија, Обединетото Кралство, Германија и Франција. Всушност, сега се очекува растот на огласувачките инвестиции да одговара или да ја надмине прогресијата на БДП на сите дванаесет најголеми пазари за оглас ување во 2024 година.
Се предвидува дека САД ќе бидат најбрзо растечки пазар оваа година со 5,9.
„Нашата прогноза ја нагласува важноста на медиумите во светот, како сензор за менување на однесувањето на потрошувачите и економското опкружување. Како што медиумскиот екосистем станува сè повеќе дигитален и воден од податоци, има неограничени можности за поврзување на луѓето и брендовите“ – додава Вил Свејн.
Две индустрии се очекува да растат забрзано на 12-те најголеми пазари: патување и транспорт (+8,1%), бидејќи туризмот продолжува да закрепнува по пандемијата, како и медиумите и забавата (+6,5).