Несреќата се случила во 2021 година во централната кинеска провинција Хенан. Родителите на Жанг добиле потрес на мозокот и поминале неколку дена во болница, додека таа и нејзиното бебе останале неповредени.
Сообраќајната полиција утврдила дека виновник за несреќата е нејзиниот татко, бидејќи не ја одржувал потребната безбедна оддалеченост од другите возила. Сепак, Жанг инсистирала на тоа дека кочниците на автомобилот откажале. Нејзината единствена цел била да открие како нејзиниот „автомобил од соништата“ се претворил во вистински кошмар.
Таа поднела жалба до локалниот пазарен регулатор, барајќи поврат на парите и компензација. Бидејќи Tesla автомобилите се меѓу најкомпјутеризираните на пазарот, Жанг побарала од компанијата да ги предаде сите податоци пред несреќата од нејзиниот автомобил, надевајќи се дека тие ќе помогнат да се утврди што тргнало наопаку. Од Tesla одбиле да ѝ ги достават податоците.
По нејзините јавни истапи со кои барала информации од Tesla, компанијата поднела тужба против неа за „ширење лажни информации“, барајќи отштета во износ од 684.000 долари. Случајот, кој започнал во октомври 2021 година, се појавил во време кога Tesla се соочувала со бројни критики во Кина.
Јавно извинување и 23.000 долари судски трошоци
Протестот на Жанг предизвикал редок бран критики кон Tesla во кинеските медиуми. Под притисок на регулаторите, компанијата на крај ги објавила податоците од нејзиниот автомобил, наведувајќи дека нејзиниот татко возел со речиси 120 км/ч и дека кочниците работеле исправно, со цел да ја намалат јачината на сударот.
Од Tesla на крајот ѝ ги предале податоците што ги барала, но истовремено јавно ги објавиле заедно со нејзиниот идентификациски број на возилото.
Жанг ги загубила двата судски процеси што ги покренала против Tesla. Компанијата добила правна пресуда во случајот за клевета, бидејќи Жанг не успеала да докаже дека кочниците навистина откажале. Судот ја задолжил јавно да ѝ се извини на компанијата и да плати 23.000 долари за покривање на судските трошоци и штетата.
Извор: Bizlife.rs