Маск синоќа на мрежата X напиша дека таа социјална платформа е број еден во категоријата апликации за вести на глобално ниво, додека чат-ботот Grok, сопственост на неговата компанија xAI, е на петтото место меѓу сите апликации, пренесува AP.
„ Apple се однесува така што ниту една компанија што развива вештачка интелигенција, освен OpenAI, не може да биде прва во продавницата за апликации на ‘Епл’, што е несомнено прекршување на антимонополските правила. xAI веднаш ќе преземе правни мерки“, порача Маск.
Компанијата „ Apple “ во моментов е под повеќекратен притисок од антимонополски тужби и судски пресуди. Во САД, федералниот суд донесе одлука дека „ Apple “ ги прекршил своите обврски кон компанијата Epic Games.
Покрај тоа, Европската унија уште во април ја казни „ Apple “ со 500 милиони евра поради ограничување на опциите надвор од официјалната продавница за апликации на компанијата.
Извор – web-mind.rs