МКЦ беше претесен да ги собере сите 500+ студенти од Семос Академиите, менторските програми, кратките обуки и обуките кофинансирани од АВРСМ, како и 130+ претставници од 42 компании кои присуствуваа на саемот.
Кариерниот центар и најголемите компании во ИТ и креативната индустрија, банки, маркетинг агенции и други индустрии ги здружија силите со заедничка цел – вработување и пракса за студентите од Семос Едукација. Штандовите на компаниите беа со огромна посетеност, збогатени со промотивни и информативни материјали за отворените позиции, интересни и корисни подароци за посетителите и претставници – професионалци кои одлично го презентираа најдоброто од своите компании.
Најинтересни за студентите и компаниите на саемот беа брзите интервјуа на кои регрутерите имаа можност да ги запознаат профилите на нашите студенти во „еден-на-еден“ интервјуа со посебен акцент на откривањето на нивниот потенцијал, вештини и знаење стекнати на обуките.
Студентите пак, имаа уникатна можност да дознаат повеќе за најпопуларните работодавци, најголемите имиња во индустријата, да ги демонстрираат знаењата, сработените проекти, да остават одличен прв впечаток и да докажат дека се „културен фит“ за тимовите на компаниите.
Посетителите уживаа во одлична музика, ги „наполнија батериите“ со производи од поддржувачите на настанот, Виталиа, Ладна и Номад Кафе Бар додека уживаа во дружбата и нетворкингот со компаниите, разменувајќи искуства и импресии од настанот.
И компаниите и студентите не ги криеја импресиите од одличната организација, позитивните вибрации и многубројните конекции кои го заокружија настанот со позитивни искуства и желби за повторно одржување на истиот.
Кариерниот центар на Семос Едукација уште еднаш докажа дека поврзувањето на студентите со врвни компании е главен приоритет за најголемиот тренинг центар во Југоисточна Европа кој брои 10.000+ студенти кои успешно завршиле обуки низ годините. Преку масовноста и квалитетот на настанот, добрата организација и незаборавното искуство на студентите и компаниите, Семос Едукација не престана да докажува дека е етаблиран бренд и број 1 ИТ едукативен центар не само во Македонија, туку и во регионот.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од огромната Семос заедница на студенти, запиши се на некоја од обуките или Академиите во Семос Едукација и добиј членство во Кариерниот центар, првиот чекор кој те носи до вакви настани, вработувања и возбудливи искуства.