Стартап Македонија во соработка со универзитетот за информатика „Св. Апостол Павле“ беа организатори на овој настан, најголем од ваков тип во државата. На почетокот на настанот, односно во петокот беа презентирани околу 20 идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот. Се гласаше за подобрите идеи, едни идеи продолжија понатаму и се работеше на изнапѓање на нивно бизнис решение, додека пак остатнатите ќе почекаат следна прилика. Десет тима работеа на исто толку идеи во следните два дена.
Вториот ден од овој настан, односно саботата беше исполнет со неколку работилници и менторска експертиза од страна на менторите.
Во третиот ден, со помош на менторите се доработуваше на бизнис решенијата и се тимовите се подготвуваа за финалните презентации пред стручното жири.
Кои се победници на Стартап Викенд Охрид 2024?
Првото место на Стартап Викенд Охрид го освои тимот Tail, составен од тројца учесници Кирил Младеновски, Петар Прентовиќ и Андреј Ангеловски. Бизнис решение за сите оние коишто имаат домашно милениче и им е потребна асистенција околу негувањето на истото. Овој старап, претставува All-in one pet-care & pet-management platform.
Извор: Стартап Викенд Охрид
Второто место го освои тимот на Strela, составен од четирите члена: Марија Миноска, Андреј Богатиноски, Сергеј Богатиноски и Анастасија Попоска. Бизнис решение коешто им помага на малите бизниси и крајните потрошувачи во процесот на испорака на пратки. Strela би била компанија помеѓу поштата и продавачот, нудејќи им поевтини цени, броеви за следење и поедноставно доставувачко искуство.
Извор: Стартап Викенд Охрид
Третото место замина во рацете на тимот Thrifty, составен од Един Хасангиќ, Стефан Анџеловиќ, Андреј Гавриловиќ, Виктор Китанов, Аниса Плакај и Мустафа Севим. Бизнис решение кое претставува онлајн маркет за second-hand облека за бебиња и деца.
Извор: Стартап Викенд Охрид
Некои победија, некои најдоа нови работни места, а други пак создадоа нови конекции. Но, едно е сигурно: Сите добија нешто плус во своите професионални кариери.
Изјава Симеоне Демалас
Јас сум Симоне и ова беше мојот 50-ти стартап викенд и втор во Македонија како фасилитатор. Стартап Викенд како иницијатива е дел од глобалниот екосистем каде луѓето можат да научат да бидат претприемачи. Да се биде претприемач е нешто што може да биде променливо за начинот на размислување на една личност и може да го промени буквално нивниот живот. За време на 54-те часа на настанот, луѓето учат како да градат компанија и да ги испробаат врвовите и падовите на создавање компанија без да ризикуваат ништо.
Симеоне Демалас, фасилитатор на Стартап Викенд Охрид 2024
Чест и задоволство ми беше да бидам дел од организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024. Како домакин во Охрид имав 3 цели за овој настан: Да нема некој гладен, сите учесници и ментори да се насмеани и да излезат 5 иновативни стартапи кои ќе влезат во екосистемот за понатамошна работа на нив. Организирањето на ваков тип на настани е од голема важност за економскиот просперитет и зголемување на вработеност кај младите кое позитивно влијае врз масовното иселување на истите. Ние од Стартап Македонија ќе продолжиме да им креираме можности за влез во стартап светот на сите заинтересирани професионалци.
Јаков Јованоски, член на организацискиот тим на Стартап Викенд Охрид 2024
Јас сум Петар, дел од тимот Tail и сакам да се заблагодарам на сите учесници на овој настан затоа што ни помогна да спремиме целиов овој концепт на нашата идеја. Би сакал да им се заблагодарам и на организаторите, менторите и судиите коишто во овие 54 часа одиграа преголема улога во нашите одлуки коишто ги донесовме за да пивотираме во идејата. Одлучивме да одиме со сосема нов концепт од идејата што првично ја имавме. Успешно го креиравме нашиот прототип и добивме позитивни мислења од страна на судиите.
Петар Прентовиќ, дел од победничкиот тим Tail на Стартап Викенд Охрид 2024
„Имам позадина и искуство со UX/UI дизајн и Front-End Development и стручно образование од областа на информатика. Голем дел од искуството ми е базирано и на интернационалните проекти и пракси, кои покрај меки вештини и усовршување на техничките знаења, ме поттикнаа да завршам и дополнителни курсеви за дигитален маркетинг и бренд дизајн, а досегашните знаења и вештини се обидувам да ги пренесам преку менторства на проекти и држење часови. Упорноста, интегритетот и преземањето голема одговорност уште пред да се биде спремен за тоа се вредности што најмногу ги ценам, а области коишто најмногу ме интересираат се бизнис и технологија. Познавајќи ги моите интереси и карактер, сфатив дека стартап светот е вистинската работна средина за мене и мило ми е што Стартап Викенд Охрид ми го овозможи првото вакво искуство.
Бизнис идејата на којашто работевме е Omnilyst.co. Ова е All-in-one платформа за креирање и менаџирање содржини за социјалните мрежи. Анализирајќи го проблемот на контент креаторите каде повеќе од половина од нив се согласуваат дека процесот на креирање уникатни постови за кратко време е премногу стресен и тешко одржлив на долгорочен период, креиравме решение кое за почеток ќе нуди 3 главни алатки: генерирање персонализирани содржини со AI, автоматизација на распоред и следење на перформанси на постовите.
Дел од тимот на Omnilyst се и Милена Петковска, Ана Апостоловска и Павел Тасков. Горда сум што формиравме сплотен и посветен тим, полн со конструктивни критики и најбитно, со смисла за хумор и покрај сета сериозност која ја бара работата.
Атмосферата и одличната организација на настанот ни овозможија услови максимално да се посветиме на развој на идејата, а советите и поддршката коишто менторите несебично ги дадоа, ни беа од голема помош.
Дополнително, една од најголемите вредности којашто ја дава Стартап Викенд е изложеноста кон многу информации, менторства, искуство и нови перспективи во само три дена на едно место, за коишто инаку, потребно е многу подолг период да се стекнат.
Секако, овие три дена не би имале смисла доколку не овозможат поддршка и поттик учесниците понатаму да продолжат со развој на своите идеи. Со учеството на Стартап Викенд Охрид дефинитивно го добивме тоа и веќе се спремаме за следниот настан каде што ќе го претставиме прототипот за нашиот стартап Omnilyst, спремни за сите наредни предизвици кои доаѓаат со истото“ – изјави Елена Петковска, учесник на Стартап Викенд Охрид 2024 и дел од тимот на Omnilyst.co.