Портпаролот на саемот за автомобили во изјава за CNN рече дека „Тесла“ била „отстранета“ откако добила „повеќе можности доброволно да се повлече“ од настанот, додавајќи дека „примарната грижа“ на организаторите била да се осигури „безбедност на учесниците, изложувачите и персоналот“.
Од „Тесла“ не одговориле веднаш на барањето за коментар од страна на CNN.
Оваа компанија неодамна беше мета на протести во неколку градови низ Соединетите Американски Држави и Канада, а во вторникот, според соопштението на полицијата, едно лице облечено во црно пукало и запалило неколку возила на „Тесла“ во сервисен објект во Лас Вегас – настан што Американското Федерално истражно биро (FBI) го истражува како акт на домашен тероризам.
Маск, пак, лично предизвика гнев кај дел од Канаѓаните, откако минатиот месец на својата социјална мрежа X напиша дека Канада „не е вистинска земја“, по што петицијата за одземање на канадското државјанство на Маск ја потпишаа повеќе од 375.000 жители на Канада.
Производителот на електрични автомобили, исто така, за првпат се соочува со пад на продажбата поради зголемената конкуренција и реакциите на контроверзната улога на Маск во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, каде што делува како негов главен советник и лидер на напорите за драстично намалување на федералната влада.
Компанијата „Тесла“ неодамна пријави прв годишен пад на продажбата во својата историја, а постојат индиции дека опаѓа и продажбата на нејзините користени возила.
Извор: web-mind.rs