Токму затоа секоја година се следи таканаречената листа Dirty Dozen (Нечистите дванаесет), водич што го објавува Environmental Working Group (EWG) врз основа на анализа на податоци од американските регулаторни тела за остатоци од пестициди во производите.
Важно е да се напомене дека присуството на остатоци од пестициди не значи автоматски дека храната е небезбедна. USDA на почетокот на 2026 година објави дека повеќе од 99 отсто од тестираните примероци од нивната програма за 2024 година биле под референтните вредности на EPA, додека Светската здравствена организација потсетува дека пестицидите се потенцијално токсични и дека ризикот зависи од видот на супстанцијата, количината и нивото на изложеност.
На листата Dirty Dozen за 2025 година се наоѓаат производите со најмногу траги од пестициди според водичот на EWG:
- Спанаќ
- Јагоди
- Кељ, раштан и листови од синап
- Грозје
- Праски
- Цреши
- Нектарини
- Круши
- Јаболка
- Капини
- Боровинки
- Компир
Оваа листа е важна за потрошувачите кои сакаат попаметно да го распоредат буџетот за органска храна. Пораката не е дека овие намирници треба да се избегнуваат, туку дека токму кај нив органското купување може да има најмногу смисла, доколку е достапно и финансиски остварливо.
Извор: Unsplash
Од друга страна, листата Clean Fifteen (Чистите петнаесет) ги обединува овошјето и зеленчукот со најмала количина на остатоци од пестициди, поради што почесто се сметаат за побезбеден избор и во конвенционалната варијанта. На листата за 2025 година се:
- Ананас
- Слатка пченка (свежа и замрзната)
- Авокадо
- Папаја
- Кромид
- Замрзнат сладок грашок
- Шпаргла
- Зелка
- Лубеница
- Карфиол
- Банани
- Манго
- Морков
- Печурки
- Киви
Dirty Dozen и Clean Fifteen не се повик за паника, туку практичен водич за купување. Кој не може да купува сè органско, може да биде селективен: да насочи повеќе внимание на производите од листата Dirty Dozen, а помалку да се грижи кај намирниците од групата Clean Fifteen. Тоа е веројатно и најреалниот одговор на дилемата која сè почесто се наоѓа меѓу рафтовите со храна: не мора сè да биде органско, но вреди да се знае што се носи на чинијата со поголем, а што со помал хемиски товар.
Извор: odrzime.rs