Надлежната министерка на завршниот состанок со родители и ученици изјави дека повеќе од 80 проценти од родителите бараат ограничување на работата и користењето на социјалните мрежи, пренесе Сити њуз Албанија.
„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме, ќе го блокираме ТикТок. Исто така, ќе инсталираме паметни камери преку проектот ‘Паметен град’, со што ќе обезбедиме поефикасен надзор во училиштата и нивната околина“, истакна Манастирлиу.
Социјалната мрежа ТикТок е платформа за емитување на кратки видеа. Таа е во сопственост на кинеската компанија Бајтденс.
Извор: Bizlife.rs