OpenAI станува профитна компанија

Компанијата OpenAI, предводена од Сем Алтман, е во рани преговори со канцеларијата на државниот обвинител на Калифорнија за промена на својата корпоративна структура во обид да стане профитно претпријатие, известува Блумберг, повикувајќи се на инсајдери.

profitna-kompanija-2421-fi

Извор: Freepik

OpenAI и претставникот на државниот обвинител на Калифорнија не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Префрлувањето кон форма на профитна компанија би означило драстична промена во управувачката структура за пионерот на вештачката интелигенција, основан во 2015 година како непрофитна организација за истражување на оваа нова технологија. Меѓутоа, новиот потег би ја направил компанијата попривлечна за инвеститорите.

Ројтерс првпат извести во септември дека OpenAI, со голема поддршка и удел од Microsoft, работи на план за реструктуирање на својата основна дејност во профитна корпорација со која повеќе нема да управува нејзиниот непрофитен одбор.

Непрофитната организација OpenAI ќе продолжи да постои и ќе поседува малцински удел во профитната компанија.

Минатиот месец, производителот на ChatGPT го затвори кругот на финансирање од 6,6 милијарди долари, што би можело да ја процени актуелната вредност на компанијата на 157 милијарди и да ја зацврсти нејзината позиција како една од највредните приватни компании во светот.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.