Бавен ви е интернетот дома? Овој предмет создава најголеми ПРЕЧКИ

Сите ние барем неколку пати сме се нашле во ситуација кога бавниот интернет во станот или куќата нè нервира и најчесто прво го вперуваме прстот кон операторот. Но, понекогаш решението е многу едноставно и можеби никогаш не би ви паднало на памет.

ruter-2422-fi

Извор: Freepik

Ако имате проблеми со интернетот, причината не мора секогаш да биде слаб сигнал од операторот. Одредени предмети во нашиот дом може да влијаат врз квалитетот на интернетот.

Проблемот може да бидат предмети или уреди во вашето домаќинство кои пречат на сигналите, а најчестиот од нив, верувале или не, е огледалото.

ruter-2422-ps1

Извор: Freepik

Некои огледала, особено оние големите ѕидни, можат да влијаат на интернет врската бидејќи содржат тенок слој метал, кој обично создава ваков тип пречки. Затоа, општа препорака е, да го чувате рутерот најмалку еден метар подалеку од огледалата, пишува Крстарица.

Ако имате проблеми со интернетот, можеби можете да пробате и засилувачи на сигналот. Тие работат така што го примаат сигналот од рутерот, а потоа го проследуваат понатаму и претставуваат добро решение за поголеми домаќинства со многу ѕидови или поголеми предмети што создаваат пречки.

Исто така, овој трик можеби звучи неверојатно, но Wi-Fi сигналот може да се засили со помош на еден предмет што секој од нас го има во кујната – алуминиумска фолија. Овој изненадувачки трик може да биде спас во оние денови кога Wi-Fi одбива да вчита дури и наједноставни содржини, но дали навистина функционира или е само уште еден мит за технологија? Научниците од Универзитетот Дартмут тестираа и потврдија дека функционира.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.