„Плати на врата“ – сé уште популарен концепт кај купувањето онлајн

e-commerce-2430-fi

Извор: WebMind Редакција

Покрај огромниот раст на електронската трговија во Македонија за време на пандемијата и подоцна, иако не со истото темпо, сепак има уште многу да се работи за да се достигнат посакуваните резултати – ова беше една од поентите на панелот Beyond the Cash: What Comes Next in the E-Commerce Payments во рамки на 7-мата регионална конференција за е-трговија E-commerce: Untangling Potential, организирана од AETM  на кој дискутираа Филомена Пљаковска-Аспровска, главна извршна директорка на CaSys; Слободан Лукиќ, директор за продажба на трговци и аквизиции за ЈИЕ во компанијата Visa; Катерина Јанковиќ, членка на Управниот одбор на NLB Banka и Биљана Мишиќ, главна извршна директорка Iute Macedonia.

Слободан Лукиќ од Visa ја пофали инфраструктурата во Македонија и многуте можности за електронско плаќање, но и истакна дека 9% од луѓето сé уште еднаш месечно си ја вадат платата на банкомат.

Панелистите зборуваа за потребата да се стимулира користење не само на платежните картички, туку и на иновативните платежни услуги кои го олеснуваат секојдневието. Филомена Пљаковска-Аспровска, главна извршна директорка на CaSys, ја претстави новата услуга Pay by link што процесорот ја нуди преку партнерските банки.

e-commerce-2430-ps1

Извор: WebMind Редакција

„Со оваа услуга овозможуваме нов начин за плаќање, идеален за мали бизниси како трговци-поединци, фриленсери или мали земјоделски производители, кои немаат потреба или ресурси за создавање и одржување на веб-страница. Доволно е трговецот да аплицира во банка и истиот ден да добие пристап до нашиот портал, каде може да креира линкови за плаќање и да ги испрати до своите купувачи преку е-пошта или пораки.“ , рече таа.

Пљаковска – Аспровска потенцираше дека сите механизми за безбедност кои што се обезбедени и во стандардниот начин на плаќање, се обезбедени и тука со Pay by link, така што ниту купувачите ниту  трговците не треба да се грижат за безбедноста.

Споделувајќи го планот за развој, таа најави дека следниот чекор е воведување плаќање со QR-код, што е особено практично за физички локации без ПОС-терминали. Едноставно со скенирање на QR-кодот да се заврши целиот процес на купување, почитувајќи ги безбедносните стандарди, како и во секое онлајн купување.

Пљаковска-Аспровска нагласи дека довербата во онлајн купувањето не зависи само од безбедноста на плаќањето, туку и од довербата во целокупниот процес.

Развојот на е-трговијата бара заеднички напори, а овогодинешната конференција „E-commerce: Untangling Potential“ уште еднаш ги собра сите засегнати страни да разменат искуства, знаења и да создаваат партнерства и соработки.

Новинар, уредник, продуцент, комуникациски стратег, претприемач, предавач, зависник од ТикТок...многу именки ја дефинираат Велковска, а еден хаштаг ги обединува сите #ILoveMyJob

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.