Новите SiMaxx ќелии на Amprius достигнуваат импресивна енергетска густина од 360 Wh/Кg – далеку над целта на USABC од 275 Wh/kg. Што значи тоа за возачите на електрични возила? Едноставно кажано, подолг опсег на батеријата без поголема зафатнина. Покрај тоа, овие ќелии имаат густина на моќност од 1200 W/kg, што овозможува поефикасна испорака на енергија.
Една од клучните карактеристики е брзината на полнење. A-примерокот на ќелии за ЕВ може да се наполни од празен до 90% за само 15 минути, што ја надминува целта на USABC од 80% во истиот временски период. Внатрешните тестирања на компанијата Amprius, исто така, покажуваат напредок кон постигнување на 1.000 циклуси на полнење.
USABC е подружница на Советот за автомобилски истражувања на САД (USCAR), заедничка технолошка компанија на Ford, General Motors и Stellantis. Оваа соработка, поддржана од Министерството за енергетика на САД (DOE), има за цел да ја унапреди примената на напредната технологија за батерии наменети за електричните возила.
Amprius тесно соработува со USABC и DOE за овие ќелии како дел од договор вреден 3 милиони долари, доделен во мај 2022 година. Испораката на овие примероци на ќелии претставува последна пресвртница во развојот. Amprius е во преговори со главните производители на автомобили за поширока примена на оваа технологија.
Со цел да ја задоволи побарувачката на пазарот, Amprius обезбеди договори за над 500 MWh договорно производство. Тоа значи дека се подготвени да ги прошират и да ги испорачаат овие батерии на што е можно повеќе електрични возила. Со зголемениот фокус на автомобилската индустрија кон почиста енергија, батериите на Amprius би можеле да бидат револуционерни.
Извршниот директор на Amprius, д-р Канг Сун, изјави: „Со нивните супериорни перформанси во однос на енергија и моќност, брзо полнење, широк опсег на работна температура и безбедносни карактеристики, Amprius продолжува да го трансформира секторот за ЕВ и другите сегменти на електричната мобилност додека се движиме кон производство во голем обем.“
Извор: Odrzime.rs