Индискиот Zomato покрена услуга „Rescue“ за намалување на фрлањето храна

Бидејќи се соочуваат со дури 400.000 откажувани нарачки месечно, индиската компанија за достава на храна Zomato покрена иницијатива Food Rescue, изјави коосновачот и извршен директор Дипиндер.

zomato-2473-fi

Извор: Freepik

Оваа нова опција им овозможува на корисниците да купат храна по намалена цена во оригинално, неоштетено пакување во рок од неколку минути по откажувањето на нарачката.

„Не поддржуваме откажување на нарачки бидејќи тоа доведува до огромно фрлање храна. И покрај строгите правила и политиката дека не враќаме пари при откажани нарачки, повеќе од 400.000 целосно добри нарачки се откажуваат поради различни причини,“ напиша Гоел на платформата X (поранешен Твитер).

Како функционира Zomato Food Rescue?

Кога една нарачка е откажана, таа се појавува во апликацијата на корисниците во радиус од три километри од доставувачот. Корисниците имаат само неколку минути да ја купат нарачката за да храната остане свежа. Новиот купувач плаќа намалена цена, а приходот се дели помеѓу оригиналниот нарачател и ресторанот, додека Zomato не задржува профит. Некои чувствителни намирници, како што се сладоледот и пијалаците, нема да бидат дел од програмата Food Rescue. Доставувачите ќе добијат целосна надокнада за возењето, од почетното преземање до доставата кај новиот купувач. Корисниците на интернет го пофалија овој потег, нарекувајќи го „сјајна иницијатива“ и „иновативна идеја“.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.