Ажурирањата на Gemini AI
Gemini 1.5 Pro наскоро ќе може да обработува до 1.500 страници текст поставен од корисниците. Воведен е и новиот модел со вештачка интелигенција Gemini 1.5 Flash, за кој компанијата тврди дека е поекономичен и дизајниран за помали задачи како брзо сумирање на разговори, означување на слики и видеа и извлекување податоци од обемни документи.
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, ги истакна подобрувањата во преводите на Gemini, додавајќи дека тој ќе биде достапен за сите програмери ширум светот на 35 јазици.
Во Gmail, Gemini 1.5 Pro ќе ги анализира приложените PDF-датотеки и видеа и ќе обезбедува резимеа, рече Пичаи. Ова значи дека, ако сте пропуштиле долга преписка по е-пошта додека сте биле на одмор, Gemini ќе можe да ја сумира истата заедно со сите прилози.
Google соопшти дека Gemini на крајот ќе го замени Google Assistant на телефоните со Android, што сугерира дека ќе биде моќен конкурент на Siri на iPhone.
Новости на Android
Корисниците ќе можат да повлекуваат фотографии генерирани со вештачка интелигенција, да поставуваат конкретни прашања за видеата на YouTube и многу повеќе. Вештачката интелигенција е сега дел од оперативниот систем Android, што му овозможува да се интегрира на посеопфатен начин.
Најинтересните нови функции не би биле можни без таа интеграција со основниот оперативен систем. Gemini сега има многу подобро разбирање на контекстот додека се користат апликациите за паметни телефони. Ова значи дека кога алатката официјално ќе се стартува како дел од Android 15, ќе можете да го видите интерфејсот Gemini на врвот на апликацијата што ја користите.
Подобар четбот со вештачка интелигенција
Минатиот декември Google го објави Gemini 1.0, а во февруари Gemini 1.5 Pro.
Извор: Frepik / Frolopiaton Palm
Во исто време, своја премиера имаше Gemma, малку „поедноставната“ верзија која беше создадена од истата технологија и истражување како и моделите Gemini. Сега, тие се подобри, велат од Google, воведувajќи ажурирања на Gemini 1.5 Pro со премиерата на 1.5 Flash, кои се нови опции за програмерите, и додавајќи два модели на Gemma, пишува The Verge.
Нови функции за пребарување
Технолошкиот гигант го лансираше „Преглед со ВИ“ во Google Search во САД.
„Преглед со ВИ“ прикажува брзо резиме на одговорите на најсложените прашања за пребарување, според Лиз Рид, шефот за пребарување на Google. На пример, ако корисникот го бара најдобриот начин за чистење на чизми, страницата со резултати со ВИ ќе прикаже процес на чистење во повеќе чекори, собрани од информации од целиот Интернет.
Компанијата соопшти дека планира да воведе можности за асистент директно во рамките на пребарувањето. Таа објасни дека корисниците ќе можат да пребаруваат нешто како „Креирај 3-дневен план за оброци што лесно се подготвуваат “, и ќе добијат почетна точка со широк спектар на рецепти.
Што се однесува до нејзиниот напредок во обезбедувањето „мултимодалност“ или интегрирање на повеќе слики и видеа во рамките на своите генеративни алатки за вештачка интелигенција, Google рече дека ќе започне со тестирање на способноста за корисниците да поставуваат прашања преку видео, како што се снимање на проблеми со производ што го имаат. Во еден пример, Google покажа лице кое снима скршена плоча додека прашува зошто не работи. Пребарувањето на Google го најде моделот на грамофонот и предложи дека можеби е неисправен бидејќи не бил правилно избалансиран.