Компанијата Manara, која е формирана со заедничко вложување на државната рударска компанија Ma’aden и Фондот за јавни инвестиции, „анализира различни опции“, рече Алкхорајф.
Саудиска Арабија работи на обезбедување пристап до литиум и други минерали со цел да стане центар за производство на електрични возила и батерии, со што би ја диверзифицирала економијата зависна од нафта, пишува Ројтерс.
Саудискиот министер за индустрија и минерални ресурси Алкхорајф изјави дека Manara има интерес за инвестирање во Чиле, вториот најголем светски производител на литиум – метал што се користи и за производство на батерии.
Тој изјави дека видел „голема посветеност“ од страна на чилеанската влада за да помогне во обезбедувањето на инвестиции и напомена дека не е запознаен со конкретните разговори што се водат.
Голем проект за екстракција на литиум
Чилеанската државна рударска компанија Codelco моментално бара партнер за голем проект за екстракција на литиум во рамнината Maricunga, а владата неодамна отвори и низа други наоѓалишта на литиум за приватни инвестиции.
Алкхорајф се сретнал со претставници на чилеанското Министерство за рударство, а на состанокот присуствувале и претставници на Codelco.
Тој изјавил дека Саудиска Арабија е заинтересирана за брзо обезбедување на литиум, вклучувајќи и од Чиле, бидејќи има намера да произведува батерии за електрични возила во земјата.
„Имаме лидерство кое е многу амбициозно. Сериозни сме во намерата да го набавиме сега (…) што е можно поскоро“, рече тој.
Пред Чиле, саудискиот министер беше во официјална посета на Бразил, исто така, со цел подобрување на економската соработка во повеќе области, вклучувајќи го и рударството.