Тоа значи дека повеќе гости ќе можат лесно да ја најдат шифрата што им е потребена за да го отклучат својот изнајмен простор, а домаќините нема да мора да се грижат за генерирање и испраќање нови шифри до секој гостин.
Компанијата за паметни брави Schlage стана првата што ја усвои оваа интеграција откако Airbnb ја најави минатата година. Кога домаќинот ќе ги поврзе своите компатибилни паметни брави со Airbnb, апликацијата автоматски ќе генерира уникатни шифри на вратите што ќе ги испраќа до гостите пред нивната посета. Шифрите ќе бидат активни само за време на престојот на гостите, бидејќи Airbnb автоматски ќе ги деактивира кога гостите ќе го напуштат сместувањето. Airbnb, исто така, ќе ги извести домаќините кога ќе пристигнат гостите, како и ако се појави проблем со паметната брава, како на пример слаба батерија.
Извор: Freepik
Оваа функција моментално е достапна само за домаќините во САД и Канада. Компатибилна е со низа паметни брави, вклучувајќи ја Yale Assure Lock 2 Keypad Wi-Fi, Schlage Encode Smart WiFi Lever и August Smart Lock with Connect. Целата листа на поддржани паметни брави можете да ја погледнете на веб-страницата на Airbnb, пишува The Verge.
Airbnb забранува камери во објектите за изнајмување
Потсетуваме и дека на почетокот на годината Airbnb објави дека забранува употреба на безбедносни камери ширум светот при изнајмување објекти. Платформата за изнајмување преку Интернет потенцираше дека овој потег има за цел да ги поедностави правилата за безбедносни камери и да ѝ даде приоритет на приватноста на гостите.
Корисниците на Airbnb претходно изразија загриженост во врска со употребата на камери за надзор во затворени простории.
„Овие промени се направени во консултација со наши гости, домаќини и професионалци за заштита на приватноста и ќе продолжиме да бараме повратни информации за да се осигураме дека нашите политики функционираат за нашата глобална заедница“, изјави Џенипер Даунс, шеф на политиката за заедницата и партнерствата на Airbnb.