„Спиддејтинг“ за идните претприемачи

Стопанската комора на Виена покани 65 виенски претпријатија, како и сите заинтересирани и потенцијални идни претприемачи-наследници, на настанот „Секое тенџере си наоѓа капаче“ (Topf sucht Deckel) кој ќе се одржи на 16 септември 2024 година.

speeddating-za-pretpriemachi-2018-fi

Извор: BIZLife

Целта на овој настан е поврзување на претпријатијата кои се достапни за преземање со потенцијалните наследници, како и поврзување на давателите на франшизи со оние кои сакаат да ја преземат франшизата. Вкупно 65 ко претпријатија од речиси сите виенски општини и различни дејности како што се угостителството, трговијата, мехатрониката, слаткарството, занаетчиството и фризерите ќе бидат присутни на настанот и ќе се претстават на потенцијалните наследници и преземачи на франшизи.

„Целта е етаблираните виенски претпријатија да им се предадат на следните генерации претприемачи,“ објаснува претседателот на организацијата „Млада економија на Виена“, Клеменс Шмидгрубер. „Една од најголемите предности на преземање на едно претпријатие е тоа што се предаваат голем број клиенти. Исто така, бирократските трошоци се помали отколку кога се основа ново претпријатие“ истакнува Шмидгрубер.

Оваа „спиддејтинг“ манифестација им нуди можност на заинтересираните учесници преку кратки, структурирани разговори од по 15 минути, директно да стапат во контакт со повеќе од 60 потенцијални сопственици на претпријатија кои планираат да го пренесат бизнисот, како и со даватели на франшизи, и да разговараат со нив за конкретни понуди. Програмата, исто така, вклучува можности за вмрежување со други заинтересирани учесници и експерти од Стопанската комора на Виена.

speeddating-2018-ps1

Извор: Freepik

Спроведената студија за малите и средни претпријатија покажува дека повеќето претпријатија по преземањето економски добро се развиле, при што 61 процент од претпријатијата успеале да го зголемат приходот бидејќи се користи и знаењето на претходниот сопственик.

Учество на настанот е бесплатно, а последниот рок за пријавување е 10-ти септември.

Информации за програмата и пријави на страницата: https://www.wko.at/wien/gruendung/veranstaltung-betriebsuebergabe-und-franchise  или на: speeddating@salesteams.at.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.