Вештачката интелигенција е алатка, а не автор

Судот во Хамбург пресуди дека нема повреда на правата на интелектуална сопственост на фотограф чија фотографија била искористена од модел на вештачка интелигенција.

prva-epizoda-2786-fi

Извор: WebMind Редакција

Во фокусот на првата епизода од New Biz Podcast беше темата за правата на креаторите во време кога вештачката интелигенција станува сè поприсутна во процесот на создавање.

Д-р Ана Пепељугоска, правен експерт за интелектуална сопственост зборуваше за случаите кои веќе пред судовите во ЕУ  отвораат дилеми за тоа кој е автор на содржини создадени со ВИ. Според неа, ставот на американскиот и европскиот завод за патенти е јасен: ВИ не може да биде пронаоѓач или автор. Причината лежи во суштинската потреба за „хумана димензија“ во процесот на создавање.

„Компјутерот, вклучувајќи ги и напредните алатки како ChatGPT, треба да се третира како алатка за помош – исто како што четката и боите се алатки за уметникот,“ додава таа.

Особено интересен е примерот со судската одлука во Хамбург, Германија, каде што фотограф чие дело било искористено за тренинг на ВИ не успеал да докаже повреда на неговите права. Судот пресудил дека фотографот требало експлицитно да го ограничи користењето на своето дело со изрична декларација, бидејќи моделот на ВИ го користел исклучиво за научни, а не за комерцијални цели. Сè уште постои можност за жалба по оваа одлука и останува да видиме како ќе се заврши се.

Во оваа епизода се зборуваше и за фалсификуваните производи и кој ги купува. Истражувањата покажуваа дека Gen Z се склони кон купување на fake дизајнерски производи иако се свесни дека со тоа прават повреда на правата од интелектуална сопственост. Зoшто се одлучуваат на таков чекор погледнете на YouTube.

New Biz Podcast  е проект во копродукција на webmind.mk pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.