Сите зборуваат за ChatGPT-5, а експертите откриваат што се крие под површината

Вештачката интелигенција веќе некое време изгледа како магично стапче за сè од пишување текстови и креирање музика до решавање на комплицирани бизнис проблеми. Новата верзија на ChatGPT, позната како ChatGPT-5, пристигна со големи очекувања: помалку грешки, повеќе точни информации и речиси човечко ниво на комуникација.

chatgpt5-4325-fi

Извор: Freepik

Но, како што пишува Forbes, реалноста е сепак поинаква. Да, ChatGPT-5 е напреднат, но сè уште знае да „измисли“ или, со терминологијата на AI, да „халуцинира“. Со други зборови, генерира факти што звучат убедливо, но едноставно не се точни.

За обичниот корисник ова може да изгледа како симпатична грешка, но за бизнис потенцијална катастрофа. Замислете адвокат кој внесува податоци и добива измислена пресуда или финансиски аналитичар што се потпира на „проверени“ информации кои всушност не постојат.

Експертите предупредуваат: AI не е замена за човек, туку алатка што може да биде неверојатно корисна само ако се користи внимателно и со доза критичко размислување.

GPT-5 носи фасцинантен скок во технологијата, во тоа нема сомнеж, но и понатаму го остава истото прашање што беше актуелно и со неговите претходници: Дали навистина можеме да ѝ веруваме на вештачката интелигенција или човечката рака и понатаму е единствената вистинска гаранција за вистината?

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.