Иницијативата е дел од програмата на Huawei „TECH4ALL“. Користејќи уреди за снимање, проектот собира податоци за птиците и водоземците, обезбедувајќи вредни сознанија за нивните живеалишта. Со 70 вградени уреди, системот непрекинато собира податоци за звуците. Потоа, тие се анализираат со помош на ВИ технологија за препознавање на видовите според нивната вокализација.
Извор: Huawei
Живеалиштата со трска, клучни за загрозените птици и миграциските патишта, се соочуваат со предизвици од климатските промени и нарушеното ниво на водата. Тоа води до деградација на екосистемите. Со помош на податоците од уредите на Huawei се собираат важни информации за тоа како се приспособуваат песните на птиците на временските услови и за зачестеноста на птиците во живеалиштето за време на есенската миграција. Податоците откриваат краткорочни и долгорочни ефекти од промената на квалитетот на живеалиштето поради сушењето на трската. Наодите од проектот помагаат во спроведувањето на адаптивни мерки за зачувување, вклучувајќи разбирање на влијанието на климатските промени врз локалните видови. Целта е заштита на екосистемите за идните генерации.
Неколку фази од проектот успешно се завршени, а ВИ сега препознава повеќе од 95 проценти од видовите врз основа на нивната вокализација. Резултатите од истражувањето ќе го подобрат зачувувањето на мочуриштата во Австрија – локалитети под заштита на светското наследство на UNESCO – и ќе придонесат кон глобалните иницијативи за заштита на биодиверзитетот.
Извор: Bizlife.rs