Производителот на автомобили соопшти дека фабриката која ги произведува камионите на батерии ќе остане затворена од средината на ноември до 6-ти јануари. Lightning, кој е централна компонента на стратегијата за електрични возила на компанијата, стана жртва на драстичното намалување на цените и намалениот интерес кај купувачите.
„Продолжуваме да го прилагодуваме производството за да постигнеме оптимална рамнотежа помеѓу растот на продажбата и профитабилноста,“ изјавија од Ford.
Паузата доаѓа помалку од една година откако Ford објави дека трајно укинува една смена во фабриката во предградието на Детроит, каде што се произведуваат електричните камиони.
Производителот на автомобили се обидуваше во текот на изминатата година да ги приспособи плановите за своите електрични модели откако открија дека побарувачката кај купувачите е помала од очекуваното.
Во август Ford објави дека се откажува од плановите за електричното теренско возило со три реда седишта, наведувајќи го ценовниот притисок врз автомобилите на батерии како причина.
Автомобилскиот производител вложи милијарди долари во развој и производство на електрични возила, и покрај тоа што нивните нови модели и понатаму предизвикуваат значителни загуби.
Извор: Bizlife.rs