Милјановиќ смета дека веќе сме го изгубиле чекорот со вештачката интелигенција и дека воопшто не сме свесни како таа размислува.
„По следењето на сите случувања на светската сцена со ВИ, можам да извлечам заклучок дека веќе полека ги губиме конците и почнуваме да ја следиме вештачката интелигенција. Затоа е многу важно да видиме во кој правец се движи, што создава вештачката интелигенција, во што е лесна и корисна за употреба, а во што е проблематична“, објаснува тој.
Основачот и извршен директор на Represent System, Борислав Милјановиќ, открива дека нè очекува иста ситуација со вестите каква што имаме со исхраната.
Како што вели тој, за да ги задржиме нашето тело и нашиот мозок во некаква нормала, ќе мора да ја намалиме количината и да ги избираме вистинските вести.
„Од наша перспектива ќе бараме различни извори на вести. Ако останеме на тоа, само алгоритмите да ни даваат… Вештачката интелигенција, особено на социјалните мрежи и медиумите, гледаме дека оди само кон една цел – да нè задржи што подолго на платформата на која се наоѓаме. И тогаш ни дава содржина која е за нас релевантна и важна. А дали таа е точна, дали е соодветна со случувањата во општеството, никого не го интересира“, напоменува основачот на Represent System.
Кој ќе преживее?
Милјановиќ заклучува дека е многу важно сите да се фатат во костец со вештачката интелигенција, од новинари и уредници до директори.
„Кој ја разбрал и кој ја разбира, тој ќе преживее. Кој не ја разбира, нема да преживее, нема да биде присутен во медиумите во наредните три години. Вештачката интелигенција ќе експлодира во наредните 1 000 дена. Ние сега сме само во фазата „одвикнување од пелени““, вели тој.
„Ако сега не го фатите чекорот и не сфатите како таа функционира и како размислува, што можете да правите со неа, замислете што ќе се случи за три години кога таа ќе експлодира и ќе биде подобра, попаметна и посилна од нас,“ додава Борислав.
„Што ќе биде со оние новинари и уредници кои веќе не ја фатиле и не вежбале? Ќе одат во пензионија“, тврди тој.
Конференцијата SPLET Tech е можност за сите кои сакаат да бидат дел од најновите трендови во технологијата, иновациите и бизнисот. Организаторите порачуваат дека ова е можност која не се пропушта за сите кои сакаат да бидат во чекор со современите деловни и технолошки трендови.
Конференцијата SPLET беше организирана во рамки на проектот „Преземи идеја“ во имплементација на Иницијативата „Дигитална Србија“ и „Србија Иновира“, која ја спроведува ICT HUB, а во соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Годинешната конференција беше реализирана и со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации.
Извор: Web-mind.rs