Истражувањето на порталот за барање работа „Adzuna“ покажува дека огласите за почетнички позиции денес сочинуваат само една четвртина од целокупниот пазар на труд, што е пад од речиси 4% во споредба со 2022 година.
Ова се случува во време кога сè повеќе компании најавуваат планови за користење на вештачка интелигенција со цел да го намалат бројот на вработени. Компанијата BT, на пример, во мај 2023 објави дека до крајот на деценијата ќе замени 10.000 работни места со вештачка интелигенција. Меѓу најпогодените се работните позиции поврзани со корисничка поддршка и мрежна дијагностика.
Извршната директорка на компанијата, Алисон Кирби, изјавила дека напредокот во областа на вештачката интелигенција може да доведе до уште поголем број отпуштања. Дарио Амодеи, директор на AI стартапот Anthropic, вреден 61 милијарда долари, минатиот месец предупреди дека оваа технологија може да елиминира половина од сите почетнички канцелариски работни места во рок од пет години. Тој додаде дека тоа би можело да предизвика пораст на невработеноста и до 20 проценти.
Џејмс Нив, раководител на секторот за анализа на податоци во компанијата Adzuna, изјави дека вештачката интелигенција е главниот фактор за намалувањето на бројот на почетнички работни позиции. „Ако можете да го намалите вработувањето на почетно ниво, автоматски ја зголемувате ефикасноста и остварувате заштеди во трошоците“, објаснува тој. Претпријатијата се соочуваат со растечки трошоци, вклучително и зголемени придонеси за национално осигурување и минимална плата. Во мај, бројот на почетнички работни места повторно е намален за 4,2 проценти. Стручњаците предвидуваат дека постои 50-50 шанса машините целосно да ги преземат нашите работни места во следните сто години.
Извор: Bizlife.rs