Книгата отвора една навидум едноставна, но моќна идеја, а тоа е дека ограничувањата не се непријатели, туку поттикнувачи на креативноста. Наместо да нѐ блокираат, тие нѐ туркаат да пронајдеме нови начини, да размислуваме поинаку и да постигнеме повеќе со помалку.
Најинтересните проекти на кои сум ги работела не произлегле од „имаме сѐ што ни треба“, туку од „ова е буџетот, ова е времето, ова ни се луѓето – што можеме да направиме?“ И некако, баш тие проекти оставаат најмногу траг – затоа што токму во таква ситуација, мораш да бидеш искрен, фокусиран и храбар.
Ограничувањата нѐ учат на приоритетите. Не можеш да правиш сѐ, па мораш да одбереш што вреди. Тоа е вежба во тоа тоа да го одбереш вистинскиот пат. Во одлука. Во лидерство. Затоа што понекогаш токму недостатокот те тера да го видиш она што инаку би го игнорирале.
И ова не важи само за работата. Колку пати во животот сме биле „присилени“ да се движиме со помала брзина – а сме излегле посилни? Помалку сигурност, па поголема смелост. Помалку поддршка, па повеќе интуиција. Помалку ресурси, па повеќе креативност.
Ограничувањето не е казна. Тоа е простор за создавање. Шанса да се вратиме на суштината, да поставиме подобри прашања, да изградиме нешто автентично – не и покрај ограничувањата, туку благодарение на нив.
Моја препорака? Прочитајте ја книгата. Не како формула, туку како потсетник. За секој пат кога ќе ви дојде да кажете „не можам“ – да се замислите: А што ако може, само на поинаков начин?