Иднината на побарувачката и приходите од вештачка интелигенција

Сопственик на центар за податоци вели дека во последните 12 месеци, цените за складирање податоци се дуплирале, а понудата се намалила. Се очекува во наредниот период да расте побарувачката и развојот на капацитети на центри за податоци.

idnina-na-ai-1989-fi

Извор: Freepik

Вештачката интелигенција можеби изгледа нематеријална, но зад неа стои огромен физички синџир на снабдување, и барем засега, изгледа дека тука се парите.  Чиповите дизајнирани од Nvidia, AMD и други, главно произведени од Taiwan Semiconductor Manufacturing Company, имаат мноштво делови и добавувачи. Чиповите треба да се организираат и поврзат со други компоненти. Сета таа технологија потоа треба да се смести во зграда која е соодветна за целта. Се случува бум поттикнат од AI на секое ниво од синџирот, вклучувајќи го и големиот бетонски објект во кој сето тоа се сместува.

Иако центрите за податоци често наликуваат на едноставна кутија, тие се далеку од едноставни. Ладењето и управувањето со енергијата за овие структури, мерени во мегавати наместо во квадратни метри, се клучни и претставуваат посебна категорија на технолошка иновација.

Иако Amazon, Google и Microsoft држат голем дел од облак – капацитетот, редовно се појавуваат нови учесници од самата појавата на AI cloud компјутерството. DataBank е една од неколкуте компании кои можат да ги согледаат трендовите преку големите технолошки компании, бидејќи оваа компанија веќе 19 години издава простор во повеќе од 65 центри за податоци во 27 пазари. Но, се појавува и нова конкуренција како Blackstone и гигантот за индустриски недвижности Prologis кои влегоа во оваа област, следејќи го мирисот на парите.

Сепак, извршниот директор на DataBank, Раул Мартиник, има минато со вакви бум циклуси и претходно. Во раните 2000-ти, за време на дот-ком бумот, Мартиник водел фирма која била на чело на посветената интернет услуга. Денес, тој повторно ги гради инфраструктурните линии врз кои новата технологија функционира и е сведок на најголемите играчи кои се борат за супериорност во облакот со годишни договори за во иднината.

Во интервју за Business Insider тој вели:

„Ние ги раазвиваме центрите за податоци, така што ги градиме физичките згради во кои се сместува сета оваа опрема. Секторот постои околу 25 години, како последица на дот-ком меурот и оттогаш е стабилен и растечки. Во последните 10 години, најважното влијание беше растот на јавниот облак. Тие не постоеја до 2010 година, а сега претставуваат стотици милијарди приходи. Таканаречените хиперскалери изградија многу од своите центри за податоци, но исто така аутсорсирале многу од истите на компании како DataBank. ChatGPT се појави во ноември 2022 година, а првата половина на 2023 година беше релативно бавна. Се прашувавме што се случува. Потоа, во средината на 2023 година се случи цунами од побарувачка. Хиперскалерите и другите важни технолошки компании почнаа да ги забрзуваат своите AI иницијативи. Секој пат кога Nvidia продава GPU, тој мора да се смести во центар за податоци, така што постои директна врска помеѓу бројот на единици кои ги испорачуваат и потребата за капацитет на центри за податоци.“

За предвидувањата во иднина тој вели:

„Веќе 12 месеци имаме ситуација каде што побарувачката е поголема од понудата. Пред една година инвентарот на центри за податоци беше тесен – не е како да луѓето премногу градат во оваа област, бидејќи е скапо – но имаше капацитет. Во последните 12 месеци, цените се дуплираа, а понудата се намали до степен каде што стапките на празнини се во ниски едноцифрени бројки. Како пример, развиваме преку 800 мегавати капацитет на центри за податоци. Тоа ќе биде достапно во 2025, 2026, 2027 и дел од 2028 година, така што веќе знаеме што ќе правиме за следните три и пол години. Купивме земјиште  пред нешто повеќе од една година. Поминавме цела година дизајнирајќи, добивајќи дозволи, зонирање и преговарање за договорот за енергија со електричната компанија. За да ви дадам пример, едно од нашите нови развивања е на 95 акри во Атланта. Тоа е кампус со центар за податоци од 120 мегавати. Штотуку почнуваме да го расчистуваме земјиштето и до следната година првата зграда ќе почне да се гради, а потоа во вториот квартал на 2026 година ќе ги пуштиме првите клиенти. Во нашата индустрија, тоа го нарекуваме прелиминарен закуп кој беше прилично вообичаен во последните неколку години пред ChatGPT. Најрано што некој би направил прелиминарен закуп беше 12 месеци. Поради побарувачката што ја предизвика ВИ и недостатокот на капацитет на центри за податоци, тој временски период ќе се зголеми на 24 месеци.“

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.