Капелата Свети Петар во Луцерн соработуваше со Лабораторијата за истражување на имерсивна реалност при градскиот универзитет HSLU на оваа експериментална уметничка инсталација, која има за цел да постави прашања за можностите и ризиците од употребата на вештачка интелигенција во црквата.
Луѓето можат да комуницираат со холограмската претстава на Исус, кој им се обраќа со „Мир со тебе, брате“ (без разлика на полот на личноста) и ги поттикнува да зборуваат за „сè што денес го оптоварува твоето срце“.
„Насловот на инсталацијата – „Deus in Machina“ – сугерира божествено сезнаење и мудрост. „Намерно е провокативен“, изјави Марко Шмид од капелата Свети Петар.
„Љубопитни луѓе кои се подалеку од црквата особено ќе покажат голем интерес за размена на идеи со ВИ Исус,“ додаде тој.
Програмот ги поттикнува луѓето „критички да размислуваат за границите на технологијата во контекст на религијата“, вели тимот, кој инсистира дека поставувањето на инсталацијата во исповедалницата е практично решение кое треба да овозможи „моменти на интимност“ со холограмот.
Инаку, разговорите со ВИ Исус, кој зборува на 100 различни јазици, не се сметаат за исповеди. Шмид изјави за Swissinfo дека ВИ програмот е обучен со користење на Светото писмо и теолошки текстови од интернет, оставајќи ја отворена можноста да понуди библиски толкувања или духовни совети кои се во спротивност со црковното учење. Сепак, неговите одговори биле во согласност со теолошките ставови на црквата Свети Петар.
Меѓутоа, многумина сметаат дека целата идеја е или смешна или многу навредлива.
„Ако забележите дека ме нема неколку дена, а потоа слушнете за пожар во црква во Швајцарија, јас сигурно немам никаква врска со тоа“, се пошегувал еден корисник.
Извор: Bizlife.rs