Целта на оваа услуга е да ги поддржи компаниите во сите фази на ESG развојот, од првите чекори до имплементацијата на комплексни стратегии, овозможувајќи долгорочна стабилност и успех.
Пет сеопфатни пакети за секој чекор на ESG развојот
За да одговори на специфичните потреби на клиентите, Represent ESG вклучува пет прилагодени пакети, фокусирани на стратегија, известување, креативност, комуникација и едукација:
- ESG REset: Наменет за компании кои се на самиот почеток на ESG трансформацијата. Овој пакет се фокусира на создавање основни структури за одржливо работење, почнувајќи од иницијална проценка на моменталната состојба до поставување темелни цели и стандарди.
- ESG REshape: Идеално решение за компании кои веќе имаат воспоставени одредени стандарди и метрики, но сакаат да ги унапредат и освежат своите пристапи. Вклучува изработка на извештаи за одржливо работење според пристапот „клуч на рака“ – од анализа на регулативи, преку подготовка и дизајн, до промоција.
- ESG REbrand: Фокусиран на комуникација и позиционирање на брендот. Заедно со клиентите креираме креативни решенија и ја реобликуваме нивната услуга, претставувајќи го нивното одржливо работење преку креативни проекти и приказни, со цел зајакнување на имиџот како лидери во одржливоста.
- ESG REthink: Пакет во кој заеднички креираме комуникација што одговара на практиките на одржливост на компанијата, придонесувајќи за подобрување на имиџот и работењето. Планираме и реализираме „green/zero waste“ настани и ги промовираме постојните ESG практики до медиумите и сите релевантни чинители.
- ESG RElearn: Едукативна програма наменета за подигнување на свеста и вештините во рамките на компаниите. Целта е да се зајакнат тимовите за подобро разбирање на ESG значењето и да станат носители на промените во организацијата.
Флексибилната комбинација на пакети гарантира дека секоја компанија ќе добие поддршка приспособена на својот пат кон одржливоста. Покрај експертскиот тим на Represent Communications, со децениско искуство во CSR и ESG проекти, соработуваме и со стручњаци во областа на ESG стандардите.
Моника Милинковиќ Костиќ, Извор: Bizlife.rs
ESG – неопходен за малите и средните претпријатија
Воведувањето на ESG стандардите е од клучно значење за малите и средните претпријатија, особено за оние што сакаат да соработуваат со Европската унија и глобални партнери. ESG известувањето станува неопходен дел од деловната стратегија, бидејќи ЕУ поставува сè построги барања за одржливо работење.
Имплементацијата на ESG помага компаниите не само да ги исполнат регулаторните барања, туку и да стекнат конкурентна предност, да изградат доверба кај партнерите и инвеститорите и да ја зголемат оперативната ефикасност.
Стручна поддршка за одржлив раст
„Со лансирањето на Represent ESG програмата сакаме да им понудиме на компаниите повеќе од обично усогласување со регулативите. Нашата цел е да им помогнеме да ги интегрираат ESG принципите во суштината на нивното работење и да станат лидери во одржливоста во своите индустрии. ESG не е само тренд, туку основна потреба за долгорочен успех и конкурентност“, изјави Моника Милинковиќ Костиќ, ESG директорка на Represent Communications.
Милинковиќ истакна дека услугата е дизајнирана да ги опфати сите фази на ESG развојот, приспособувајќи се на специфичните потреби на секој клиент. „Без разлика дали компаниите се на почетокот или имаат развиени стратегии, комбинирајќи искуства од CSR и ESG со најновите трендови, нашиот стручен тим им помага да се позиционираат како одговорни и доверливи партнери, со што добиваат стратешка предност и долгорочна вредност во своето работење.“
Заедно ја обликуваме одржливата иднина!
Детали за програмите и можностите може да најдете на официјалната страница https://represent-esg.com/. Започнете ја вашата ESG трансформација уште денес со поддршката на Represent ESG програмata – бидејќи одржливоста не е опција, туку потреба на модерниот бизнис.
Извор: Bizlife.rs