Вашиот телефон станува плакар: Google Photos воведува AI стилизирање на аутфити

telefon-5684-fi

Извор: Magnific

Инспирацијата за оваа можност потекнува од култниот филм „Девојките од Беверли Хилс“ од 1995 година, во кој главната хероина Шер на сличен начин избираше што да облече. Google ја објави оваа вест во средата.

Дигитална гардероба во мобилниот телефон

Според најавата од Google, новата функција ќе користи технологија на вештачка интелигенција за автоматско креирање дигитална верзија од вашата гардероба. Системот ќе ги препознава парчињата облека кои се наоѓаат на вашите фотографии во Google Photos.

Во рамките на апликацијата, ќе можете да ја филтрирате облеката по категории како што се горен и долен дел, чевли или додатоци, а потоа да ги комбинирате за да креирате различни стилови и да добиете идеи за вашето облекување. Ова е можност која девојките ја чекаа уште од 1995 година, кога филмот беше првпат прикажан, пишува TechCrunch.

Во филмот „Девојките од Беверли Хилс“, дигиталната гардероба требаше да го истакне привилегираниот живот на главната хероина. Токму поради тоа, модната индустрија и бројни стартапи веќе долго време се обидуваат да создадат слично решение кое би го поедноставило склопувањето на аутфити.

Во Google веруваат дека нивната технологија на вештачка интелигенција ќе го направи таквиот алат достапен за сите, а со текот на времето тој би можел дополнително да се подобрува паралелно со напредокот на вештачката интелигенција.

Чување идеи и виртуелно тестирање

Ќе можете да ги споделувате креираните комбинации со пријателите или да ги зачувате на дигитални табли. Така можете да складирате идеи за различни прилики, како што се патувања, деловни состаноци, излети или посебни настани. Покрај тоа, дополнителна функција ќе ви овозможи виртуелно да ја испробате облеката за да видите како ви стои, исто како во филмот.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.