Иако AI го забрзува нивниот раст и отвора можности кои некогаш беа резервирани само за големите играчи, претприемачите сè повеќе вложуваат во автентична, рачно изработена содржина и често самите стануваат креатори.
Истовремено, многу претприемачи веруваат дека единствениот начин да изградат доверба со својата заедница е поголемо инвестирање во содржина создадена од луѓе, а не од машини. Новите податоци од LinkedIn, до кои дошла Europe in Motion, покажуваат дека бројот на корисници кои ја додаваат оваа титула на својот профил нагло расте ширум Европа: +85% во Холандија, +69% во Велика Британија, +68% во Шпанија, +61% во Германија и +49% во Франција, пренесува Euronews.
Најмалку половина од британските, германските и француските мали претприемачи велат дека вештачката интелигенција им го олеснува влезот на пазарот, бидејќи сега можат да користат можности кои претходно биле достапни само за големи компании со сериозни буџети и стручни тимови. Eurostat го потврдува овој тренд: бројот на микропретпријатија (со помалку од 10 вработени) расте од година во година. Најважно од сè, многу мали бизниси веруваат дека вештачката интелигенција им овозможува да „играат во повисока лига“ и рамноправно да се натпреваруваат со големите брендови. Најголем ентузијазам покажуваат Британците (76%), потоа Шпанците (73%), додека Французите (58%) се малку пореални.
Колку всушност малите бизниси го користат AI?
Усвојувањето на АI алатки не е рамномерно, а во некои случаи се сведува само на површна употреба. Само околу една четвртина од вработените во малите компании користат АI за напредни задачи како што се анализа на податоци или работа со напредни АI агенти. Според истражувањето на LinkedIn, Франција има најголем процент на напредни корисници, но тоа е само 12%, додека Италија и Шведска стојат најслабо, со само по 2%. Дури и кога станува збор за најосновните задачи, како пишување мејлови, сумирање белешки или едноставно пребарување, некои земји имаат изненадувачки ниска стапка на користење – на пример Франција 28%, Италија 30%. Дека европските мали претпријатија генерално бавно напредуваат во дигитализацијата не е новост: според Eurostat, само 58% од малите и средни претпријатија достигнале основно ниво на дигитална зрелост.
Посветла иднина за малите бизниси
И покрај предизвиците, малите претприемачи остануваат многу оптимистични дека вештачката интелигенција ќе им помогне да ги достигнат своите финансиски цели. Најоптимистични се Германците – дури 78%. Италијанците и Холанѓаните се поумерени, со 60% и 58%.
Претприемачите како креатори
Добра вест за нас луѓето: и покрај „инвазијата“ на АI содржини на интернет, повеќето мали претприемачи сметаат дека за градење доверба најважен е човечкиот глас. Поради тоа, тие сè повеќе вложуваат токму во луѓе – не само во креатори и експерти, туку и во своите вработени. Шпанците: 80% од нив вложуваат повеќе во содржина создадена од луѓе. По нив следат Британците (77%), а Французите (75%) остануваат верни на својот скептичен став кон АI. Многу претприемачи решиле да ги засукаат ракавите и самите да станат креатори: 60% од француските, 64% од британските и 53% од германските мали претприемачи велат дека лично морале да почнат да создаваат содржина. Најпопуларниот формат? Кратко видео, како Instagram Reels. Потоа следуваат спонзорирани текстови, студии на случај и „white paper“ материјали.
Извор: bizlife.rs