Lovable: Шведската AI сензација што расте побрзо од ChatGPT

За само осум месеци, шведскиот стартап Lovable стана глобална сензација, достигнувајќи годишен приход од 100 милиони долари, побрзо дури и од OpenAI, ChatGPT и Cursor. Сето тоа со само 45 вработени и револуционерен пристап во развојот на софтвер.

lovable-4085-fi

Извор: Dall-e/ Canva

Од идеја до бизнис за неколку минути: Lovable

Lovable е основан кон крајот на 2023 година, а веќе средината на 2025 ги собори сите познати рекорди за брз раст на софтверски бизнис. Со повеќе од 2,3 милиони активни корисници, 180.000 претплатници и 10 милиони креирани проекти, овој AI алат за само осум месеци достигна приход од 100 милиони долари годишно. И сето тоа со тим од 45 луѓе, што значи повеќе од 2 милиони долари приход по вработен.

Тајната на успехот се крие во едноставноста: корисниците опишуваат што сакаат, визуелно, функционално или стилски а Lovable го претвора тоа во целосно функционална веб-страница, апликација или софтверски производ. Овој пристап, наречен „vibe coding“, ги укинува бариерите кои со децении беа резервирани за искусни програмери и дизајнери. Луѓе без никакво техничко знаење денес можат да започнат сопствен дигитален производ, за само неколку минути.

Притоа, Lovable не генерира само код. Тој создава цел дигитален систем: од структурата, преку корисничкиот интерфејс, до поврзување со бази на податоци и интеграција со различни сервиси. На тој начин, Lovable не е само конкурент на другите AI алати туку тој ја редефинира самата суштина на развојот на софтверски решенија.

AI асистент од нова генерација: Lovable Agent

Најновата надградба на системот го носи името Lovable Agent и претставува следната еволутивна фаза во развојот на дигиталните асистенти. За разлика од традиционалните AI алатки кои извршуваат строго зададени команди, Lovable Agent самостојно ги разбива задачите, го анализира постоечкиот код, ги поправа грешките и што е најважно, предлага решенија врз основа на онлајн документација и визуелни елементи.

Со други зборови, Lovable Agent функционира повеќе како соработник отколку како алатка. Неговата способност да се адаптира, сам да го „научи“ проектот и да ја заврши работата без постојана интервенција од корисникот, го прави уникатен на пазарот. Според интерни податоци на тимот, новата верзија на алатот го намалила бројот на грешки за дури 91% во споредба со претходните.

Агентот не застанува само на разбирање на кодот, тој ги поврзува апликациите со базите на податоци, додава копчиња, слики, па дури и SEO оптимизација, без дополнителни прашања. Во свет каде времето е пари, ова е огромен напредок.

Иднината на софтверот е достапна за сите

Успехот на Lovable не се должи само на иновативната технологија, туку и на длабокото разбирање на потребите на модерната дигитална економија. Во време кога фриленсери, мали компании и стартапи сакаат брзо да тестираат идеи без скапи развојни тимови, Lovable нуди нешто што до неодамна беше незамисливо: алатка што прави сè.

Додека другите компании трошат месеци на MVP верзии на производи, корисниците на Lovable ги создаваат за еден час и тоа со висок естетски и технички стандард. Во тој контекст, овој шведски стартап не само што се израмнува со OpenAI или Google, туку отвора нова класа играчи кои ја редефинираат целата индустрија на развој, дизајн и пласирање на дигитални производи.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.