Автоматска безбедност преку Snapchat
Функцијата Home Safe е осмислена така што корисникот, пред да тргне на пат, може да активира автоматско известување за еден или повеќе пријатели со кои веќе ја споделува својата локација преку Snap Map. Штом ќе пристигне на претходно зададената адреса обележана како „My Home“, Snapchat автоматски ќе испрати известување до избраните лица дека сè е во ред.
Она што ја прави оваа функција особено интересна е тоа што не бара постојано споделување локација, ниту какви било дополнителни чекори по пристигнувањето. Откако ќе се активира, известувањето се испраќа при пристигнување, а потоа функцијата автоматски се деактивира. Така се одржува рамнотежа меѓу грижата и приватноста, нешто што е особено важно за младата генерација која сака независност, но и поврзаност со блиските.
Snap Map инаку функционира на база на согласност, корисниците сами избираат дали и со кого ќе ја споделат својата локација, и таа поставка останува под нивна контрола. Home Safe го почитува истиот принцип и функционира исклучиво меѓу корисници со веќе воспоставено споделување локација.
Нова форма на грижа во дигиталниот свет
Во ситуации кога доцна се враќате дома, патувате или едноставно сакате некој да не се грижи, Home Safe е функција што ја решава старата навика: „јави се кога ќе стигнеш“. Таа ја елиминира можноста да заборавите или да избегнете испраќање порака, а притоа не го нарушува секојдневието.
Со оваа функција, Snapchat одговара на потребите на генерацијата што ја цени и безбедноста и личниот простор. Наместо постојан надзор, Home Safe нуди дискретно и функционално решение, совршено компатибилно со останатите карактеристики на апликацијата, пораки што исчезнуваат, споделување локација по избор и профилирање кое не е наметнато.
За родителите, партнерите и блиските кои сакаат да знаат дека сте стигнале безбедно, ова е корисна алатка што ја претвора апликацијата во нешто повеќе од средство за забава, тоа е дигитален простор за секојдневна грижа и доверба.
Извор: web-mind.rs