Порано беше лесно, паричникот ги чуваше парите и картичките, телефонот служеше како комуникациско средство. Да ги изгубиш двете одеднаш беше навистина реткост. Во денешниот свет, паметните телефони се повеќе од само комуникациски уреди; тие се нашите паричници, лични асистенти и чувари на спомени, документи и што уште не.
Кражбите на телефони не се ништо ново, но ако го земеме предвид фактот дека телефонот го користиме и како паричник, па не само што картичките ни се поврзани во апликација, туку и целиот електронски банкарски систем ни е во телефонот, треба да бидеме исклучително внимателни и да ги заштитиме нашите финансиски информации.
Веднаш по кражбата/губење на телефонот
- Пријавете ја кражбата: Веднаш известете го вашиот мобилен оператор за да ја блокирате СИМ – картичката. Ова спречува неовластени повици и користење на податоци.
- Информирајте ја вашата банка: Контактирајте ја вашата банка за да ги замрзнете мобилните банкарски апликации и сметки.
- Сменете лозинки: Ажурирајте ги лозинките на вашите е-пошта, социјални медиуми и финансиски сметки од друг уред.
Превентивни мерки
- Овозможете „Find My Phone”: Користете услуги за лоцирање како Find My iPhone или Find My Device за да го најдете, заклучите или избришете податоци од вашиот телефон од далечина (преку trusted уред или преку комплјутер).
- Користете силни лозинки и биометриска безбедност: Осигурајте го вашиот телефон со силна лозинка, ПИН или биометриска безбедност како отпечатоци од прсти или препознавање на лице.
- Енкриптирање на податоци: Овозможете енкриптирање на вашиот телефон за да ги заштитите податоците ако паднат во погрешни раце.
- Редовен BackUp : Не заборавајте да направите backup на вашите податоци на сигурен cloud или на вашиот компјутер. Ова обезбедува дека нема да ги изгубите важни информации (фотографии и видеа) и можете да ги префрлите на новиот уред.
- Двостепена Автентикација (2FA): Овозможете 2FA на сите апликации што ја поддржуваат. Ова додава дополнителена безбедност, отежнувајќи го пристапот до вашите податоци.
Заштита на банкарски апликации
- ПИН-ови за апликации: Користете дополнителни ПИН-ови или биометриски заклучувања за вашите банкарски и финансиски апликации.
- Одјавување по користење: Избегнувајте да останете најавени на финансиските апликации кога не ги користите.
- Редовно проверувајте ги сметките: Внимавајте на активностите на вашата сметка и поставете известувања за било какви сомнителни трансакции.
Дополнителни алатки и услуги
- Anti theft апликации: Инсталирајте апликации кои нудат дополнителни безбедносни функции како далечинско бришење, лоцирање и сликање на крадецот.
- Осигурување: Размислете за осигурување на мобилниот телефон кое покрива кражба и неовластена употреба.
Со преземање на овие чекори, значително можете да го намалите ризикот од компромитирање на вашата финансиска информација ако вашиот паметен телефон биде украден. Останете внимателни и подготвени за да бидете сигурни дека вашите податоци остануваат безбедни.