Новиот стандард за телевизија: Samsung OLED, за совршенство на секој пиксел!

Со новата генерација на Samsung OLED телевизорите, уживањето во вашиот омилен содржински свет не е само визуелно, туку и паметно, безбедно и беспрекорно. Без разлика дали сте во потрага по филмска ноќ со семејството, возбуда при играње игри или едноставно уживање во омилената серија, Samsung OLED телевизорите ги поставуваат новите стандарди за телевизиски уреди.

samsung-4046-fi

Извор: Samsung

Моќно визуелно искуство со ВИ технологии

Новиот 83-инчен Samsung OLED S95F 4K Smart TV е вистински визуелен спектакл, кој ја носи технологијата на повисоко ниво. Со Samsung Vision AI, телевизорот интелигентно ги прилагодува боите, контрастот и звукот врз основа на она што го гледате. Сликата на OLED е толку жива и реалистична благодарение на пикселите кои се „паметни“, обезбедувајќи функции кои претходно беа недостижни.

samsung-4046-ps1

Извор: Samsung

Иако Samsung OLED S95F 4K Smart TV е лидер во серијата, Samsung OLED телевизорите вклучуваат и други модели како Samsung OLED S90F 4K Smart TV и 83″ OLED S90F 4K Samsung Vision AI Smart TV , кои исто така имаат Samsung Vision AI и овозможуваат извонреден баланс помеѓу цена и перформанси. Напредни гејминг функции, Dolby Atmos за неверојатно звучно искуство и QD-OLED панелот го прават ова искуство невозможно да се прескокне.

Новата Real 4K резолуција и Neural Quantum Processor 4K

Со Real 4K резолуција која нуди над 33 милиони пиксели и Neural Quantum Processor 4K кој користи невронски мрежи за анализа во реално време, деталите и јасноста на сликата ќе ве остават без здив. Дополнително, Quantum Matrix Technology Pro со мини LED диоди ја контролира сликата со висока прецизност и го минимизира светлосното прелевање. Ова значи дека уживате во најострата слика и во најсилната дневна светлина.

Звучно искуство со вистинска акција

Системот за звук се прилагодува на она што го гледате, така што звуците се движат на тој начин создавајќи чувство како да сте дел од филмот. Од драматични сцени до игри, звуците го носат искуството на едно напредно ниво, претворајќи го секој момент во нешто посебно.

SmartThings и One Samsung: Поврзан и паметен дом

Поголемиот дел од вашиот дом може да биде поврзан со Samsung OLED телевизорот преку Smart Things и One Samsung. Контролирајте ги сите паметни уреди во домот, од осветлување, до температура, со само неколку клика. А за дополнителна сигурност, Samsung Knox ја чува вашата приватност, обезбедувајќи сите ваши уреди и податоци да останат целосно заштитени.

Визуелно совршенство и интелигентна поврзаност со Samsung OLED

Samsung OLED телевизорите ве носат во една нова и иновативна димензија, каде што сликата, звукот и технологијата се усогласени до совршенство. Независно дали сте љубител на филмови, страствени гејмери или уживате во најновите серии, овие уреди ги поставуваат новите стандарди во визуелното и звучно искуство.

Извор: Samsung

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.