Но, да започнам со ред.
Екранот на Galaxy S25+ е дефинитивно еден од најдобрите екрани на пазарот моментално. Уште на почетокот од користењето на уредот, прво што се забележува се јасниот и длабок приказ на содржината, живописните, совршени, не-пренагласени бои на сликите на 6,7-инчниот ALMOLED екран кој има Gorilla Glass Victus 2 стакло за дополнителлна заштита.
Изложен на силна сончева свелина, екранот перформира еднакво совршено во осветленоста, адаптирајќи се на надворешните услови и овозможувајќи лесно читање или гледање содржини без никакви проблеми. Впрочем, благодарение на екранот уште веднаш се забележува префинетоста својствена за Самсунг, која на прв поглед го вклучува и севкупниот дизајн на телефонот кој се чувствува во раката – без видливи и значајни промени од минатогодишниот модел, а сепак за нијанса полесен и потенок. Интерфејсот е типичен Самсунг-овски, со навидум многу слични опции за персонализација, има промена во брзиот приказ на нотификации кои сега се достапни со влечење по екранот од левиот ќош надолу, додека од десниот ги добивате брзите копчиња за главните поставки.
Понатаму, брзината на перформансите на кај Galaxy S25+ се навистина импресивни: апликациите се отвораат во истиот миг, изведбата на функциите е без застој што го прави идеален за мултитаскинг. ВИ функциите кои беа хајлајт на претставувањето на целата серија Galaxy S25 си работат глатко и во целиот потенцијал, а сето ова благодарение на фатот што овој уред го поседува најмоќниот чипсет за андроид што моментално постои. Бргу откако започнав да го користам уредот, забележав дека ВИ функциите се прилагодуваат на мене, односно на корисникот, со новата функција Now Brief која дава преглед на дневните активности како и општи информации.
Функциите со вештачка интелигенција завршуваат голема работа кога станува збор за визуелните содржини кај овој уред, и воопшто кај серијата Galaxy S25. Секој портет или селфи фотка, сега со помош на функцијата Портрет студио, се прави како 3Д анимација, комик, цртеж насликан со водени бои или скица. Не сите испаѓаат баш „погодени“, но една сигурна ќе биде „тоа е тоа“. А за сите останати фотографии, тука се ВИ функциите за едитирање со кои може да се отстрани дел/предмет/лик од фотографијата, или пат се креативен израз нешто да се додаде односно генерира. Накратко, вистинска забава со визуелните алатки.
А кога сме веќе кај камерите, овој уред навистина дава феноменални фотографии на кои не може да им се најде мана, без разлика дали се користи х3 или дури х10 зум. Веќе кај х30 зумот се забележува мало заматување, но тоа е очекувано. Главната камера од 50 МР, ултрашироката од 12 МР и телефото камерата од 10 МР создаваат слики со прецизни детали, во живописни бои кои се на нивото на задачата за еден флегшип телефон како Galaxy S25+, кој еднакво перформира и кај фотографиите при ноќни услови.
Батеријата одлично служи. Без проблем се поминува денот, дури и дел од наредниот без полнење, а кога се става да се полни, работата е завршена за еден час. Меморијата е сосема солидна од 256 GB, а како важна карактеристика за овој уред е дека поддржува ажурирања за 7 години, што е важна информација при одлуката за купување на ваков премиум уред, кој има и премиум цена.
Заклучок: Galaxy S25+ го заслужува во целост епитетот на премиум телефон кој нуди нуди совршен баланс на модерен дизајн, одлични перформанси и врвен екран заслужен за кристално чисти и автентични бои со неверојатна јасност. Комбинацијата на моќен хардвер, извонредна камера и долготрајна батерија го прави идеален избор за оние кои бараат корисничко искуство без компромиси.
Извор: М.Ј.