По нејзиното гостување во емисијата The Late Show, некои гледачи решија да се откажат од безжичните слушалки. За време на интервјуто со водителот Стивен Колбер, Харис се осврна на фотографија на која носи слушалки со жица и призна дека ја исмевале затоа што не користи популарни безжични алтернативи, како што се AirPods.
„Работев во Сенатската комисија за разузнавачки прашања. Присуствував на доверливи брифинзи. Не користете безжични слушалки во воз мислејќи дека никој не може да го слуша вашиот разговор. Ви велам, овие со жица се малку побезбедни“, изјави Харис.
Ќе се вратат ли луѓето на слушалките со жица?
По нејзиното предупредување, многу гледачи изразија загриженост за сопствената приватност, а видеото со нејзината изјава се прошири на социјалните мрежи и предизвика дебата.
Коментарите беа бројни:
„Туку што призна дека не прислушуваат“,
„Продажбата на жични слушалки ќе скокне после ова“,
„Луѓе, ова е предупредување, а не шега“,
„И Сноуден го кажа истото“,
„Не можам да поверувам дека сè уште не сте го знаеле ова“,
„Сѐ уште би користел жични слушалки ако телефонот ми имаше приклучок“,
„Ќе си набавам жични слушалки“,
„И ИТ-експертите ми го кажаа истото“.
Инаку, слушалките кои ги користи Харис се класични Apple EarPods.
Извор – web-mind.rs