Овие модели се најтенките и најлесни во историјата на Galaxy Z серијата, со симетричен дизајн, рамни рабови и елегантен изглед. Направени со најнапредни материјали како Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, овие телефони се издржливи и подготвени за долгогодишна употреба.
Galaxy Z Fold6 се истакнува со својот елегантен, но функционален дизајн, со 7,6-инчен главен екран што го редефинира мултитаскингот и продуктивноста. Неверојатно е како овој телефон ќе ви легне на раката кога преклопен, имајќи ја предвид совршената ширина на уредот која е видно помала од стандардната, вообичаена ширина на секој друг мобилен телефон. А кога е расклопен, овој уред комбинира мобилен и таблет уред во едно, со интелигентни ВИ функции и S Pen за професионалци и креативци. Различните нијанси, како сребрена сенка, розова и темносина, му даваат премиум изглед.
Извор: Samsung
Galaxy Z Fold6 е опремен со моќни камери кои обезбедуваат извонреден квалитет на фотографиите и видеата. Главната камера е 50 мегапиксели, што овозможува остри и детални снимки, додека ултра-широката камера од 12 мегапиксели ја проширува перспективата за импресивни пејзажи и групни фотографии. Со напредната стабилизација на сликата и подобрениот Nightography, камерата обезбедува одлични резултати дури и во услови на слаба осветленост. Покрај тоа, напредната AI технологија овозможува автоматски оптимизирање на сликите за најдобар можен резултат.
Извор: Samsung
Galaxy Z Fold6 е одличен избор за гејминг, благодарение на најновиот Snapdragon® 8 Gen 3 процесор за Galaxy, кој нуди врвни перформанси и моќна графика. Големиот расклопен екран со минимални рамки обезбедува импресивен визуелен приказ и глатко корисничко искуство, додека напредните ВИ функционалности ја подобруваат интеракцијата со играта. Вклучете се во долгите сесии на гејминг без страв од забавување, бидејќи Fold6 е изграден да издржи и да понуди стабилен и забавен гејминг со високи перформанси.
Извор: Samsung
Galaxy Z Flip6 е моден и компактен телефон, идеален да се носи со себе во секој момент. Неговиот ултра-современ Flex Window и камери за снимки од секој агол го прават незаменлив за динамичниот начин на живот. Телефонот доаѓа во тренди бои и нуди нови начини за персонализација, што го прави не само функционален, туку и вистински моден додаток со уникатен дизајн што го прави совршен за секоја прилика. Со својот компактен и елегантен изглед, телефонoт се преклопува на половина, што му овозможува да се вклопи во најмала чанта или во џеб, без да губи од функционалноста. Овој дизајн го прави извонредно лесен за носење, а истовремено импресионира со својата естетика. Жените го обожаваат токму поради неговата минијатурна големина и трендовски изглед кој совршено се комбинира со современиот животен стил, давајќи чувство на стил и практичност, како и вистински моден израз за оние кои сакаат да се издвојат.
Извор: Samsung
Камерите на Galaxy Z Flip6 нудат извонредни перформанси и квалитет на фотографиите, со неговите 50-мегапикселни широки и 12-мегапикселни ултра-широки камери кои овозможуваат остри и живописни снимки. Една од најголемите предности на Galaxy Z Flip6 е способноста да се сликаат фотографии и снимаат видеа од невозможни агли, благодарение на неговиот преклопен дизајн, кој ви дозволува да поставите телефонот на различни позиции без потреба од додатни опрема. Ова овозможува креирање на уникатни фотографии, од ниски агли за динамични сцени до селфија без потреба од користење на рака, правејќи го овој мал прекрасен телефон совршен избор за изразување на креативноста и модниот шмек.
Извор: Samsung
Со Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, Самсунг ги поставува новите стандарди за преклопни телефони, комбинирајќи моќни перформанси, неверојатна издржливост и естетски перфектен дизајн.
За да го заокружите целосното искуство, овие два телефони на прелоп можете до совршенство да ги искомбинирате со новите паметните часовници Galaxy Watch Ultra или Galaxy Watch7 и со слушалките Galaxy Buds3 Pro како совршени додатоци за овие уреди. Часовниците, не само што овозможуваат напредно следење на здравјето и фитнес активностите, туку и ви овозможува да ги управувате повиците, нотификациите и апликациите директно од вашиот зглоб. Со своето поврзување со телефоните, тој го подобрува вашето искуство во движење. Од друга страна, Galaxy Buds3 Pro нудат кристално чист звук, напредно активно поништување на бучавата (ANC) и интуитивна контрола, што ги прави идеални за слушање музика, повици или гејминг. Овие слушалки се совршени за оние кои сакаат да уживаат во музика и разговори без да се грижат за надворешната бучава, дополнително зајакнувајќи го вашето поврзано искуство во Galaxy екосистемот.