Овој тренд е резултат на технолошки иновации, општествени промени и еколошки потреби, кои заедно создаваат идеални услови за одредени видови приватни бизниси. Во овој текст ќе се осврнеме на секторите што го забележаа најбрзиот раст, земајќи ги предвид профитабилноста, побарувачката и долгорочните перспективи.
Е-трговија – мобилна и продажба преку социјалните мрежи
Електронската трговија сочинува повеќе од петтина од глобалната малопродажба, а се очекува до 2027 година овој удел да се зголеми на 22,7%. Малите претпријатија сè повеќе користат онлајн канали за да опстанат и напредуваат.
Истражувањата покажуваат дека 80% од малите и средни претпријатија користат дигитални алатки за продажба. SEO алатки, како што е Semrush, им овозможуваат на малите бизниси да ја подобрат видливоста на интернет и да привлечат нови купувачи. Дигитализацијата на купувањето донесе експлозивен раст на е-трговијата, со посебен фокус на купување преку мобилни телефони и нарачки преку социјалните мрежи.
Мобилната трговија, која во 2024 година сочинува речиси 70% од сите онлајн трансакции, нуди можности за претприемачи што развиваат мобилни платформи или ги оптимизираат постојните сајтови за мобилни корисници. Од друга страна, трговијата преку социјалните мрежи овозможува директна продажба преку платформи како TikTok и Instagram.
Оваа индустрија е исклучително погодна за малите бизниси, бидејќи почетните трошоци може да бидат ниски, а потенцијалниот поврат на инвестицијата – висок. Успехот во оваа област зависи од креативноста, разбирањето на целните групи и способноста брзо да се прилагодат на новите трендови.
Независни медицински сестри и негуватели
Растот на бројот на стари лица и сè поголемиот притисок врз здравствените системи создадоа плодна почва за независни професионалци во здравството.
Медицинските сестри, особено оние со напредни квалификации, сè почесто избираат самовработување. Како независни, тие можат да нудат услуги врз основа на флексибилни договори. До 2030 се очекува недостигот на здравствени работници да достигне до 10.000. Во моментот фалат околу педесет проценти на медицински сестри, а одливот на овие кадри преку пензионирање, заминување во странство, па и откажување поради неповолните услови за работа е голем, се дел од заклучоците на панел-дискусијата што се одржа на Високата медицинска школа во Битола.
Се очекува бројот на работници во домашната здравствена нега да порасне за речиси 21% до 2033 година. Негувателите што пружаат помош на постарата популација, како и на пациентите со инвалидитет или хронични болести, можат да сметаат на пристојни приходи.
Извор: Unsplash
Стручњаци за ментално здравје и советување
Забрзаните промени во општеството и намалувањето на стигмата поврзана со менталното здравје доведоа до огромен раст на побарувачката за стручњаци за психотерапија и советување.
Луѓето сè повеќе бараат помош, а несигурноста во животите придонесува кон зголемена побарувачка за стручњаци за ментално здравје. Проекциите покажуваат дека бројот на работни места во овој сектор ќе се зголеми за 19% до 2033 година. Лицата со соодветно образование и лиценци можат да отвораат сопствени практики, нудејќи неопходни услуги во локалните заедници.
Работа врз основа на договори со училишта, болници и корпорации обезбедува дополнителни можности за оние што претпочитаат пофлексибилни форми на работа. Оваа професија не само што ветува стабилност, туку има и големо општествено значење.
Извор: Pixabay
Лични финансиски советници
Промените во пензиските системи и подолгиот животен век го прават финансиското советување сè поважно. Проекциите покажуваат дека можностите за вработување за лични финансиски советници ќе се зголемат за 17% до 2033 година.
Отворањето приватна практика во оваа област бара основно образование, лиценца и искуство, но потенцијалот за приходи и трајната потреба за совети за штедење и инвестирање го прават ова атрактивен избор. Советниците можат да работат самостојно или во партнерство со поголеми финансиски институции.
Извор: Freepik
Сајбер безбедност и вештачка интелигенција
Како што пишува SEEbiz, со растот на сајбер нападите и ширењето на вештачката интелигенција, стручњаците во овие области се меѓу најбараните.
Вештачката интелигенција станува неизоставен дел од бизнисите и општеството. Компаниите бараат стручњаци за AI за да ги задоволат потребите и пополнат празнините во вештините на нивните тимови. Ова нуди можност за поединци да станат самостојни консултанти, истражувачи или инженери за вештачка интелигенција.
Работните места за data научници треба да пораснат за 36%,додека истражувачите во областа на компјутерските науки ќе забележат раст од 26% до 2033 година.
Заклучок:
Изминатата година ги истакна клучните области во кои малите приватни бизниси можат да напредуваат. Заеднички именител на овие сектори е растечката побарувачка. Претприемачите што вложуваат во едукација, иновации и прилагодување на пазарните трендови имаат реални шанси за долгорочен успех.
Извор: Bizlife.rs