Тоа е сезоната кога сакаме да останеме дома малку подолго, да си запалиме свеќа, да свариме чај и да се опкружиме со сè што ни носи мир. А вистината е дека уреден дом не е само визуелен момент тоа е чувство на спокој што го носи секоја мала организација, секој чист агол и секоја паметна навика.
1. Мал ред – голем мир
Почни ја есенската генералка без притисок, но со јасен план. Ослободи се од непотребните работи, остави повеќе простор за воздух и леснотија. Помогни си со паметна технологија што навистина го олеснува процесот – како Bespoke Jet AI Ultra, безжична правосмукалка што работи тивко, но моќно. Со апликацијата SmartThings, можеш да ја контролираш и кога не си дома – да го провериш чистењето, статусот на батеријата или да поставиш распоред. Малку организација, малку технологија и голема промена во енергијата на просторот.
2. Кујната како есенско светилиште
Кујната е местото каде есента има најмногу вкус. Со свежи производи, мирис на зачини и едноставни рецепти што носат удобност. За вистинска хармонија, држи ја кујната светла и топла, со природни тонови и уреди кои изгледаат како дел од дизајнот – не како технички додаток. Bespoke Refrigerator е токму таков: елегантен, модуларен и совршено вклопен во секој стил на ентериер.
Со SmartThings, можеш да го следиш полнењето, температурата и потрошувачката за да имаш повеќе време да се фокусираш на она што навистина го сакаш: есенските вечери и добра храна.
3. Топлината на домот не е само во боите
Топлината доаѓа и од удобноста што ја создаваш. Samsung паметните машини за перење те потсетуваат дека удобноста е и во мали нешта кои имаат големо влијание, како на пример намалување на микропластика или моќно перење и отстранување дамки дури и на 30 степени. Сè што може да се автоматизира, нека се автоматизира. Секој момент што можеш да си го олесниш, нека ти донесе повеќе време за тебе.
4. Мирот почнува кога домот функционира сам
Во паметен дом, не мораш да бидеш „насекаде“. Со SmartThings, сите уреди комуницираат меѓусебно: фрижидерот, машината за перење, Jet правосмукалката, па дури и осветлувањето. На едно место, во твојот телефон – го гледаш целиот свој мал универзум како работи синхронизирано. И токму тоа е вистинската есенска луксузност: кога домот работи за тебе, а ти конечно можеш да се одмориш.
Есенска промоција што носи повеќе удобност
А ако веќе размислуваш за мало обновување на домот, Samsung има совршен момент за тоа. Во рамки на Home Appliances Autumn Promo 2025, при купување на Bespoke фрижидер или машина за перење во периодот од 6 октомври до 2 ноември 2025, добиваш 5 години гаранција. Сè што треба е да го регистрираш купувањето на овој линк. А со купување на Samsung Besopoke Jet AI Ultra правосмукалка Samsung ти дава „100 дена за да се уверите 100 %“ – доволно време да ја тестирате, проверите и одлучите, без брзање. Со избраните Jet модели добиваш 2 години редовна гаранција + 1 дополнителна комерцијална, ако го регистрираш уредот и оставиш рецензија, и 10 години гаранција на дигиталниот инвертер мотор – срцето на секоја Jet правосмукалка.
Samsung Home Appliances
За есен во која домот не е совршен – туку совршено твој.