Тие се направени за сите оние моменти кога животот се движи побрзо од Wi-Fi сигналот и ти треба нешто што ќе држи чекор со тебе.
S25 Edge – стил со храбри рабови (и без компромиси)
Сè што треба да знаете за Galaxy S25 Edge може да се собере во една реченица: изгледа како моден аксесоар, функционира како компјутер.
Со дебелина од само 5.8 мм, титаниумска рамка и стаклена завршница што фаќа светлина како скапоцен камен, Edge е уред што не го вадиш од џеб го покажуваш.
Но зад таа нежна надворешност се крие сериозен карактер: 200 MP камера, ProVisual Engine и Nightography за фотографии што изгледаат како кадри од Vogue, дури и кога светлото не соработува.
А кога животот станува пребрз, Galaxy AI знаe што ти треба пред да го побараш. Преведува повици во реално време, сумира белешки, предлага фрази, идеи и објави. Како асистент кој никогаш не задоцнува, не бара кафе-пауза и има подобра меморија од сите нас.
Galaxy S25 – класика со став
Во свет каде сите трчаат по нешто „ново“, Galaxy S25 докажува дека понекогаш совршенството лежи во балансот. Неговата комбинација на моќ, едноставност и стил го прави уред што се чувствува природно.
Со Dynamic AMOLED 2X екран, Snapdragon 8 Gen 3 процесор и батерија што држи цел ден, Galaxy S25 не се поти под притисок.
Снимај, едитирај, стримај, multitask-увај и тоа без одлагања, без загревање, без нервози.
А One UI 8 интерфејсот го прави сето тоа мазно, логично и пријатно за очите.
Твојот живот, поврзан со еден потег
Со SmartThings, Galaxy S25 серијата станува срцето на твојот мал дигитален универзум.
Со еден допир можеш да ги вклучиш светлата, да провериш кога ќе заврши машината за перење или да го подгрееш ручекот пред да стигнеш дома. Можеш да живееш паметно без да се фалиш дека живееш паметно.
Безбедност што не бара лозинка за доверба
Samsung Knox е тој невидлив чувар што се грижи твоите податоци да останат само твои.
Сè, од фотографиите до банкарските апликации е заштитено со ниво на сигурност што повеќето луѓе го посакуваат и за сопствените тајни. А со 7 години софтверски ажурирања, телефонот старее поспоро од тебе.
Пробај ја иднината пред да пристигне
Не мора да замислуваш како изгледа иднинат можеш да ја почувствуваш. Со Try Galaxy апликацијата, го тестираш Galaxy искуството директно на телефонот што го имаш сега.
Еднаш кога ќе ја пробаш интелигенцијата на Galaxy AI, нема враќање назад.
Момент за изненадување (и подарок што вреди 44.999 МКД)
Најубавите подароци се оние што не ги планираме како кафе што се појавува во вистински момент. А Samsung подготви баш такво изненадување со промоцијата „Кого ќе израдуваш?“: од 2.10 до 31.10.2025, купи Galaxy S25 Ultra, S25/S25+ или S25 Edge (или Z Fold7, Z Flip7, Z Flip7 FE), регистрирај го купувањето на samsung.com најдоцна до 17.11.2025 и добиј подарок Galaxy S25 FE, телефон вреден 44.999 МКД. Задржи еден Galaxy за себе, а другиот подари го на некој што ти значи затоа што технологијата е најубава кога се споделува.
Galaxy S25 & S25 Edge
Телефони што размислуваат побрзо од мислите и изгледаат подобро од било кој филтер.