Тоа е розов и сосема обичен уред без предна камера, со само една игра и ограничен пристап до интернет. Производителот HMD, кој исто така произведува телефони за Nokia, вели дека се обидува да го искористи она што го нарекува „мамец“ за луѓето кои сакаат помало „дигитално влијание“ во нивните животи. Но, други тврдат дека тоа може подобро да се постигне ако луѓето се научат како да ги користат своите уреди на поздрав и поконтролиран начин.
Сè повеќе се зголемуваат апелите од родителите и активистите за ограничување на времето што децата го поминуваат на паметните телефони, па дури и за целосна забрана на уредите. Нивните грижи се движат од сомнеж дека децата ќе завршат со нарушено внимание до страв дека би можеле да бидат изложени на штетна или незаконска содржина.
Некои училишта преземаат мерки, како на пример приватниот Итон Колеџ во Велика Британија. На некои од своите ученици, овој колеџ им обезбедува телефони кои понекогаш се нарекуваат и уреди со ограничени функции, бидејќи можат само да испраќаат и примаат пораки и повици. На овој начин, тие сакаат да ги „урамнотежат предностите и предизвиците што технологијата ги носи во училиштата“.
И мобилната мрежа EE се вклучи во дебатата, советувајќи им на родителите воопшто да не дозволуваат паметни телефони за деца помали од 11 години.
Ларс Силбербауер, извршен директор во HMD, наведе дека неговата компанија реагира на овие трендови, наведува BBC.
„Го видовме овој тренд кој започна во САД и сега доаѓа во Европа, каде сè повеќе и повеќе луѓе навистина сакаат да немаат дигитално искуство цело време,“ откри тој.
Дигитална детоксикација
Некои се можеби скептични за тоа колку се благородни мотивите на Силбербауер, и тој призна дека би „сакал“ да може да вгради платформа за размена на пораки како WhatsApp во Barbie телефонот.
„Но, поминав еден ден користејќи го и засега нема сомнеж дека како дигитална детоксикација беше сигурно ефикасен поради својата многу ограничена функционалност,“ објасни тој.
Станува збор за телефон на преклоп со огледало и нема продавница за апликации или екран на допир. Исто така, нема социјални мрежи, а телефонот не може да прима ништо посложено од СМС пораки.
Тоа значи дека нема текстуални пораки со „потврда за прочитани“ или функција да се види кога некој пишува. Ова е стандардна поставка на многу паметни телефони.
Извор: Freepik
Игри на Barbie телефонот и цена
„Дури и со вклучен предиктивен текстуален внес, открив дека тастатурата со броеви и букви е многу побавна од тастатурата со екран на допир, и како резултат на тоа, им се јавив на многу повеќе луѓе од вообичаено, што можеби не беше лошо,“ изјави тој.
На телефонот можете да ја играте ретро играта од Nokia, Snake, која сега се вика Malibu Snake и е во розова боја.
„Но, телефонот дефинитивно привлече големо внимание, особено кај девојките и младите жени додека шетав со него низ центарот на Глазгов,“ истакна тој.
Телефонот има почетна цена од 99 фунти во Велика Британија – двојно повеќе од тоа што би платиле за Nokia телефон. Постојат многу други телефони на пазарот кои нудат иста ограничена функционалност.
„Претпоставувам дека многу луѓе ќе бидат во искушение да го купат за малку забава, но реално е дека сите се толку зависни од своите паметни телефони што ќе има сè поголема потреба од дигитална детоксикација,“ изјави Бен Вуд, експерт за телефони кој има свој музеј на уреди.