„Вистина е дека компанијата се намали од околу 5.000 на речиси 3.000 вработени денес“, изјави Сјемијатковски за CNBC Power Lunch. „Ако го погледнете LinkedIn и отворените работни позиции, ќе видите како се намалуваме.“
Шведскиот финтек лидер беше многу отворен во однос на агресивното прифаќање на ВИ алатки, нагласувајќи го зголемувањето на продуктивноста што следело по тоа.
Минатата година, компанијата искористи „ВИ-генерирана верзија“ на Сјемијатковски за да ги објави резултатите за третиот квартал, со цел да покаже дека вештачката интелигенција може да автоматизира многу работни задачи па дури и неговата.
Кларна во 2023 година склучи партнерство со OpenAI, креаторот на ChatGPT, а една година подоцна го лансираше својот ВИ асистент за корисничка поддршка користејќи ја токму таа технологија. Компанијата тогаш соопшти дека вештачката интелигенција ја извршува работата на 700 агенти за поддршка на корисници.
Извор: Getty, Freepik
Според Кларна, бројот на вработени се намалил од 5.527 на крајот на 2022 година на 3.422 на крајот на минатата година, според проспектот за иницијална јавна понуда поднесен во март. Компанијата го припишува ова намалување на напорите за искористување на ВИ и намалување на вкупниот број вработени, додавајќи дека очекува натамошно опаѓање.
Себастијан Сјемијатковски истакна дека намалувањето на бројот на вработени не е исклучиво резултат на ВИ, туку и на природниот одлив на кадар: „Природниот одлив во компанија како нашата изнесува 15–20% годишно, па така природно се намалуваме за 15–20% бидејќи луѓето сами си заминуваат.“
Сепак, тој призна дека целосниот премин на ВИ во корисничката поддршка довел до намален квалитет на услугата.
Извор: web-mind.rs