Одберете иновативност и удобност за вашиот дом

Samsung апаратите за домаќинство овозможуваат бројни предности што го подобруваат секојдневието во домот. Овие уреди не само што нудат иновативни технологии и интелигентни функции, туку и осигуруваат оптимална енергетска ефикасност и долгорочна издржливост.

frizider-3012-fi

Извор: Samsung

Елеганција и иновација во секој детал со Bespoke фрижидерите на Samsung

Фрижидерот BESPOKE RF8000BC е врвен избор за секој модерен дом, комбинирајќи елеганција со врвна технологија. Овој уред не само што внесува стил во вашата кујна, туку и нуди иновативни карактеристики што го револуционираат начинот на складирање и користење на вашите намирници. Со привлечна француска врата со двојно отворање и лесен пристап до внатрешноста, овој фрижидер е идеален за модерни простори. Неговиот Beverage Center е специјално дизајниран за да ги чува вашите омилени пијалаци – од освежувачките напитоци до виното – секогаш на оптимална температура. Напредната технологија Twin Cooling Plus одржува идеални услови во секој дел од фрижидерот, што резултира со подолга свежина за храната и зачувување на вкусот кај замрзнатите производи. Со вграден уред за автоматско правење мраз и тоа во две величини, ќе имате постојан пристап до мраз кога е најпотребно, додека диспенсерот за вода секогаш чува ладна и освежувачка вода за вашите потреби. Внатрешниот простор може лесно да се прилагоди според вашите потреби, благодарение на конфигуративните полици и фиоки, а високата енергетска ефикасност го прави и економичен избор за долгорочно користење. BESPOKE RF8000BC претставува совршено решение каде високите перформанси, стилот и иновативната технологија се спојуваат во еден фрижидер совршен за модерна кујна во секој дом.

frizider-3012-ps1

Извор: Samsung

Машина и за совршено чисти алишта

Домашните активности вклучуваат и одржување на вашата облека во беспрекорна чистота. За таа цел, Samsung нуди совршено решение – новите AI Wash машини за перење алишта со вештачка интелигенција. Овие уреди автоматски препознаваат разновидните ткаенини и прилагодуваат програмите за перење според нивните карактеристики, така што облеката се исчистува темелно, користејќи оптимални количини вода и детерѓент. Напредните сензори ги мереат тежината, мекоста и нивото на нечистотија на ткаенините, обезбедувајќи секој пат врвен резултат.

Моделите како  машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и до А-40% екстра енергетска ефикасност,  го олеснуваат перењето на дури и најсложените парчиња облека, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката. Перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Со овие машини за перење од Samsung вашите алишта го добиваат најдобриот третман.

frizider-3012-ps2

Извор: Samsung

Интелигентно чистење на домот со Bespoke Jet AI

Сите се соочуваме со зголемена количина на прашина во домот, а тоа нè поттикнува да чистиме сé почесто. Токму затоа изборот на уред за чистење со кој оваа активност ќе ја извршуваме побрзо, поефикасно и поедноставно е од огромно значење за сите нас. Таква е правосмукалката Samsung Bespoke Jet AI – решение кое осигурува дека секој дел од домот ќе биде чист и уреден, вклучувајќи ги и тешко достапните ќошиња и површини. Овој уред ги спојува високата моќ на вшмукување со интелигентна технологија, која преку сензори автоматски ја препознава карактеристиката на секој под и го прилагодува работниот режим, што резултира со заштедување на енергија и батерија, а домот се одржува исклучително хигиенски. Дополнително, Bespoke Jet AI е опремена со специјален надграден држач за чиста станица „Сè-во-едно“, кој со технологијата Air Pulse автоматски го испразнува резервоарот за прав, а Air Spin Edge технологијата го врти Spinning Cyclone со брзина до 1000 вртежи во минута, ослободувајќи ги сите честички. Исто така, правосмукалката доаѓа со бројни додатоци, како главната четка Active Dual, тенка LED четка+, апликација за миленици, ротирачки чистач со прскалка, како и алатки како флекс, комбинирана и продолжителна алатка за тесни простори – сите наменети да ги исполнат највисоките стандарди на чистота и удобност.

frizider-3012-ps3

Извор: Samsung

Со современ дизајн и прилагодливост, Samsung апаратите се создадени да го поедностават и усовршат домашното работење, обезбедувајќи високо ниво на хигиена и удобност. Без разлика дали станува збор за чистење, перење или зачувување на пијалаци, секој уред е дизајниран да ги задоволи највисоките стандарди и да ви понуди удобност, економичност и стил во секој аспект од вашиот дом.

frizider-3012-ps4

Извор: Samsung

Искористете ја промотивната понуда сега

Сега е вистинкиот момент да си дозволите вакви уреди, бидејќи во тек е  промотивната понуда со која при купување на одбрани уреди за домаќинството, Samsung ви нуди продолжена гаранција од 5 години, која покрај редовната гаранција од 2 години, вклучува и дополнителни 3 години комерцијална гаранција, како и 3 години за одбрани правосмукалки  односно 1 година редовна и 2 години дополнителна комерцијална гаранција Оваа промоција можете да ја користите со регистрирање на вашиот уред и исполнување на условите утврдени во посебни правила за промоцијата. Повеќе информации прочитајте тука.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.