Експертите од Kaspersky подготвија практичен водич со пет чекори што треба да ги преземете веднаш штом ќе сфатите дека телефонот ви е исчезнат.
Чекор 1: Обидете се да го лоцирате уредот
Првиот чекор е да ја искористите функцијата Find My Device (Android) или Find My (iPhone) за да ја проверите последната позната локација на телефонот.
На друг уред најавете се со вашиот Google или Apple профил и проверете ја листата на поврзани уреди.
Корисниците на Kaspersky за Android можат да го лоцираат телефонот и преку функцијата Where Is My Device на порталот My Kaspersky.
Важно е овие функции да бидат активирани однапред за да можат да се користат во вакви ситуации.
Чекор 2: Заклучете го телефонот и внимавајте на измами
Откако ќе го пронајдете уредот на листата, активирајте го режимот Lost и заклучете го.
Можете да поставите нова лозинка, како и порака или контакт телефон што ќе се прикажат доколку некој го пронајде уредот.
Доколку телефонот моментално не е поврзан на интернет, заклучувањето ќе се активира веднаш штом повторно се поврзе.
Kaspersky за Android нуди и дополнителни функции:
- активирање гласен аларм, дури и ако телефонот е на тивок режим
- функцијата Mugshot, која преку предната камера фотографира лице што го користи телефонот и може да послужи како доказ за надлежните институции
Бидете особено внимателни ако телефонот падне во рацете на измамници. Можно е да ве контактираат обидувајќи се да добијат лични податоци или кодови за пристап.
Веднаш информирајте ги семејството и пријателите дека телефонот е изгубен, бидејќи вашиот број може да биде злоупотребен за испраќање пораки или барања за пари.
Чекор 3: Блокирајте ги SIM-картичката, банкарските картички и лозинките
Контактирајте го мобилниот оператор и побарајте веднаш да ја блокира SIM-картичката.
Потоа јавете се во банката за да ги блокирате платежните картички или да ја прекинете нивната поврзаност со телефонот.
Следниот чекор е промена на лозинките за сите важни сервиси и одјавување од активните профили.
Доколку користите password manager, задолжително сменете ја главната (master) лозинка.
Ако однапред сте ја активирале функцијата SIM Watch во Kaspersky, телефонот автоматски ќе се заклучи штом некој вметне нова SIM-картичка.
Дополнително, препорачливо е да ја заштитите самата Kaspersky апликација од деинсталирање, бидејќи крадците најчесто прво се обидуваат да ги отстранат безбедносните апликации.
Чекор 4: Проверете дали имате резервна копија од податоците
Фотографиите, контактите, пораките и останатите податоци ќе можете да ги вратите само доколку претходно сте активирале автоматски резервни копии или синхронизација со cloud сервис.
Доколку оваа опција била вклучена, ќе можете лесно да ги вратите речиси сите важни информации.
Чекор 5: Далечински избришете ги податоците ако телефонот не може да се пронајде
Паралелно со претходните чекори, пријавете го исчезнувањето на телефонот во надлежните институции.
Доколку сте сигурни дека уредот нема да биде пронајден, последната мерка е целосно далечинско бришење на сите податоци.
Тоа може да се направи преку:
- Find My Device (Android)
- Find My (iPhone)
- порталот My Kaspersky (за Android)
„Во секојдневието лесно забораваме колку важен дел од нашиот дигитален живот се мобилните уреди. Губењето на телефонот не значи само непријатност, туку може да доведе и до губење податоци, компромитирање на важни профили или дури кражба на идентитет. Во Kaspersky размислуваме однапред за безбедноста на корисниците и нудиме многу повеќе од класично антивирусно решение“, изјави Драган Давидовиќ, генерален директор на Kaspersky за Источна Европа.
Заштитете се однапред
Последиците од губење или кражба на телефонот можат значително да се намалат ако навреме ги преземете следните мерки:
Внимавајте на физичката безбедност на телефонот и не оставајте го без надзор на јавни места или на лесно достапни позиции, како маси во кафулиња или задни џебови.
Активирајте ја функцијата за лоцирање на уредот.
Вклучете автоматско правење резервни копии.
Чувајте чувствителни податоци во безбедно решение како Kaspersky Password Manager, кој овозможува безбедно складирање лозинки, банкарски податоци и важни документи во Secret Vault.
Поставете автоматско заклучување на екранот веднаш по престанокот на користење.
Извор: web-mind.rs